Како да се ослободите од клемпавите уши?

Естетска хиругија на уши

Клемпавите уши повеќе се психолошки отколку естетски проблем. Лицата со клемпави уши најчесто се предмет на потсмев, особено децата во школска возраст.
Некои родители применуваат екстремни методи за да го коригираат изгледот и обликот на ушите на своите деца. Ставаат стегачи на главата на детето други, пак, се многу поекстремни и ушите на своите деца ги лепат со селотејп.

Естетска хиругија на уши

Клемпавите уши повеќе се психолошки отколку естетски проблем. Лицата со клемпави уши најчесто се предмет на потсмев, особено децата во школска возраст.
Некои родители применуваат екстремни методи за да го коригираат изгледот и обликот на ушите на своите деца. Ставаат стегачи на главата на детето други, пак, се многу поекстремни и ушите на своите деца ги лепат со селотејп.

Но, како да се ослободите од клемпавите уши:
1. Клемпави уши е состојба кога обликот на ушните школки е премногу истакнат и одвоен од главата.
2. Клемпавите уши се наследуваат. Никој не може да влијае ниту, пак, да го превенира овој естетски проблем.
3. Естетска хирургија: единствено решение за корекција на ушите е естетската хирургија
4. 6-годишна возраст е најдобар период за оваа интервенција, кога ’рскавицата е помека и полесно се моделира. Се работи под општа или локална анестезија.
5. Со естетската хирургија на ушите може да се коригира нивната големина и положба, дури може и целосно да се моделираат во случаи на вродени деформитети и тешки повреди.
6. Резот се прави зад увото и се одвојува кожата од ’рскавицата. Со посебна процедура се моделира ’рскавицата, големината и формата. Доколку е потребно, дел од ’рскавицата се отстранува со цел да се добие поприроден облик. Откако ќе се заврши со реконструкцијата на ’рскавицата, увото се фиксира поблиску до главата, вишокот кожа се отстранува и раната се шие.
7. Лузната е зад увото и со текот на времето исчезнува, но најважно е што во предниот дел на увото нема резови ниту лузни.
8. Интервенцијата трае еден до два часа, во зависност од видот на корекции.
По естетската интервенција:
1. Самата операција не е болна, а постоперативните болки можат да се контролираат со лекови против болки.
2. Пациентите задолжително мора да носат еластичен завој во период од 14 дена, по што се вадат конците.
3. Оваа интервенција може да се прави во кое било годишно време, но кај децата се препорачува за време на зимскиот или летниот одмор.
4. По операцијата може да се јави и оток во делот зад увото, а во ретки случаи и модринки.
5. Компликациите од овој вид интервенција се многу ретки. Но, тоа што е најважно е дека сите компликации од овој вид интервенција се решаваат лесно и немаат никакво влијание во крајниот резултат од операцијата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!