Како да си помогнете ако имате запек

Надуеноста на стомакот е само еден од знаците кои ги чувствуваат лицата кои имаат проблем со запек. Запекот се јавува како резултат на отежнато движење на цревата или пак кога ваквите движења се јавуваат многу поретко од нормалното. Фреквенцијата на движење на цревата е различна кај секој човек. Доколку ваквата појава трае повеќе од три дена, потрудете се да ја спречите оваа состојба почнувајќи од стилот на живеење и промена на исхраната.

Решението е едноставно

Постојат три главни причини зошто имате запек: не се храните здраво, не пиете доволно вода и не вежбате. Доколку имате запек, пробајте да ги смените овие три навики. За кратко ќе забележите позитивни промени. На тој начин ќе избегнете да одите на лекар или да пиете одредени лекарства за забрзување на цревната активност.

Навикнете го телото на рутина

Направете рутина при одењето во тоалет. Речиси сите наутро брзаме да излеземе што побргу од домот. Потрудете се да го навикнете телото празнењето на цревата да ги прави во одреден период од денот. Дури и ако не чувствувате потреба, одењето во тоалет направете го во ваш ритуал. Најдобар период за тоа е кратко време по оброкот бидејќи тогаш гастроинтестиналниот систем е буден и активен.

Започнете ја промената со тоа што појадокот ќе го јадете малку порано од вообичаено. Храната ги стимулира и забрзува движењата на цревата. Истотака, важно е да не го одложувате нагонот за празнење на цревата. Одложувањето на празнењето на цревата може да ја влоши состојбата со запекот.

Погледнете во вашата чинија

Запек може да се појави доколку сте вовеле одреден начин на исхрана кој целосно ги исклучил мастите. Секоја нагла промена предизвикува шок за организмот. Вклучете повеќе овошје, зеленчук и храна богата со диететски влакна во вашето секојдневно мени.

Доколку запекот трае повеќе од неколку дена и е придружен со болка, консултирајте го вашиот лекар.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!