Како да си помогнете кога имате киселини во желудникот

Чувството на печење/жарење зад градната коска знае да биде непријатно, посебно доколку ви се случува често. Постојат бројни причини зошто ви се јавува ваквото чувство, но главната причина е излевање на  желудочната киселина во хранопроводот. Ова се јавува кога сфинктерот (мускулниот отвор) помеѓу желудникот и хранопроводот се отвора кога не е потребно.

Чувството на печење/жарење зад градната коска знае да биде непријатно, посебно доколку ви се случува често. Постојат бројни причини зошто ви се јавува ваквото чувство, но главната причина е излевање на  желудочната киселина во хранопроводот. Ова се јавува кога сфинктерот (мускулниот отвор) помеѓу желудникот и хранопроводот се отвора кога не е потребно.

Прочитајте ги неколкуте практични совети како да ги спречите или намалите киселините во желудникот.

  1. Намалете ја тежината. Честопати прекумерната тежина знае да биде причина за ваквата појава. Секој килограм помалку ќе значи олеснување на состојбата.
  2. Спијте со поткрената глава. Сменете ја положбата на спиење со тоа што главата и вратот ќе бидат благо поткренати во однос на стомакот. На тој начин ќе спречите желудочната киселина да се враќа во хранопроводот.
  3. Јадете помали порции и редуцирајте ја мрсната храна. Не внесувајте повеќе од 500 калории по оброк. Распоредете ги оброците така што нема да го преполните желудникот со храна и со тоа ќе ги намалите шансите за нејзино излевање во хранопроводот.
  4. Не легнувајте веднаш по оброкот. Направете пауза од најмалку 3-4 часа од еден оброк до друг. Тоа е времето потребно на желудникот да ја свари претходно внесената храна. За да ги намалите кислините во желудникот посебно во ноќните часови, избегнувајте да одите во кревет веднаш по оброкот.
  5. Движете се. Не легнувајте веднаш по оброкот. Наместо тоа, станете, прошетајте и раздвижете се.
  6. Џвакајте мастика. Џвакањето мастика го зголемува лачењето на плунка, која пак помага во ублажување на чувството на киселините.
    7. Консултирајте со доктор за терапија

Сеуште не е пронајден лек кој може да делува на мускулниот прстен на желудникот и ќе го спречи неговото без причинско отворање. Сепак, постојат одреден вид на лекови кои преку различни дејствија  помагаат да ги намалат симптомите. Доколку ваквата состојба трае подолго време и не се јавува подобрување, вашиот лекар ќе ви препорача дополнителни иследувања за да се открие причината за честата појава на рефлуксната болест.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!