Наближувањето на летото буди пријатни чувства асоцирани со долгите сончеви денови, релаксираност, море, плажа, пријатни мигови поминати на отворен простор. На летото и водата најмногу се радуваат најмладите, а родителите се соочуваат со многу прашања во врска со сончањето. Дали и колку е безбедно изложување на малечките на сонце? За овие прашања побаравме одговор од доктор Симонида Спасевска – педијатар во „Аџибадем Систина“.
Повеќето педијатри ќе ве советуваат да не ги изложувате вашите мали новороденчиња на сончевото влијание во текот на летото и тоа би било сосема точно од медицинска гледна точка, но секако не е и многу практично. Затоа ако сепак се одлучите да поминете извесен период надвор со вашиот најмлад член на семејството, потребно е да знаете неколку работи поврзани со сончањето, кожата на вашето бебе и нејзината заштитa:
- Кожата на новороденчето е тенка, нежна, чувствителна и посебна вулнерабилна.
- Новороденчето имаат поголема кожна површина во однос на целокупниот волумен на телото за разлика од возрасните(поголема можност за оддавање течности-дехидрација) и зголемена способност за апсорбција (сончеви зраци, апликативни креми.
- Природниот механизам за заштита на кожата од сончевите зраци не е потполно развиен.
- Изложување на новороденчето 15-20 минути на директно сончево влијание, може да предизвика изгореници и дехидратација.
- Оштетувањето на кожата од сонцето има кумулативен ефект, 80% од периодот на изложеност на сонце за време на животниот век е во текот на детството. Изгореници во раното детство ја зголемуваат можноста за појава на рак на кожата подоцна во животот.
Како настануваат изгорениците и што ако се појават?
Изгорениците се јавуваат при изложеност на сончеви зраци-УВ радијација. Најчесто не се манифестни веднаш, што ве залажува дека на вашето бебе му е пријатно на сонце. Тие се јавуваат неколку часа подоцна и може да се манифестираат со црвенило, болка, оток, затегнатост на кожата, па дури и појава на пликови. Секако прво треба да го тргнете детето од директното изложување на сонцето. Доколку кожата е црвена и затегната потребно е да ставаат ладни облоги во текот на денот, а потоа да се нанесе хидратантна крема. Ако изгорениците се од потежок степен, контактирајте го вашиот педијатар.
Неколку совети за безбедно сончање
- Новороденчето и младото доенче до 6 месеци не изложувајте го на директно сончево влијание.
- Ако, сепак, сте одлучиле да излезете надвор, избегнувајте го сончевото влијание меѓу 11-16ч.
- Најдобро е да го чувате вашето бебе под природна сенка или користете чадори за сонце.
- Облечете го во памучна лесна облека во светли бои, по можност да биде покриена поголема површина на телото.
- Почесто давајте му течности (доење, млеко по формула или кај постарите доенчиња бистри сокови и вода)
- Употребувајте крема за сончање соодветна за деца (кремата треба да штити од УВА и УВБ зраците, да биде водоотпорна, хипоалергена и да има висок заштитен фактор).
- Заштитете ја главата со шешир, а очињата со очила за сонце.
Сепак, да не заборавиме дека без сонце нема живот. Тоа е извор на енергија. Едно од позитивните влијанија на сончевите зраци врз организмот е поттикнување на синтеза на витаминот Д во кожата. За создавање на Д-витаминот доволно е десетминутно изложување на сонце три пати во една недела.
На крај да ве потестиме дека антирахитичната профилакса со витамин Д треба да биде континуирана во текот на целата прва година од животот на вашето дете независно од годишното време. Практикувајте ги советите и имајте безгрижно лето!
Наближувањето на летото буди пријатни чувства асоцирани со долгите сончеви денови, релаксираност, море, плажа, пријатни мигови поминати надвор. На летото и водата најмногу се радуваат најмладите, а родителите се соочуваат со многу прашања во врска со сончањето. Дали и колку е безбедно изложување на малечките на сонце? За овие прашања побаравме одговор од доктор Симонида Спасевска – педијатар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Повеќето педијатри ќе ве советуваат да не ги изложувате вашите мали новородени на сончевото влијание во текот на летото и тоа би било сосема точно од медицинска гледна точка, но секако не е и многу практично. Затоа ако сепак се одлучите да поминете извесен период надвор со вашиот најмлад член на семејството, потребно е да знаете неколку работи поврзани со сончањето, кожата на вашето бебе и нејзината заштита.
· Кожата на новороденото е тенка, нежна, чувствителна и посебна вулнерабилна.
· Новородените имаат поголема кожна површина во однос на целокупниот волумен на телото за разлика од возрасните(поголема можност за оддавање течности-дехидрација) и зголемена способност за апсорбција (сончеви зраци, апликативни креми.)
· Природниот механизам за заштита на кожата од сончевите зраци не е потполно развиен.
· Изложување на новороденото 15-20 минути на директно сончево влијание, може да предизвика изгореници и дехидратација.
· Оштетувањето на кожата од сонцето има кумулативен ефект, 80% од периодот на изложеност на сонце за време на животниот век е во текот на детството. Изгореници во раното детство ја зголемуваат можноста за појава на рак на кожата подоцна во животот.
Како настануваат изгорениците и што ако се појават?
Изгорениците се јавуваат при изложеност на сончеви зраци-УВ радијација. Најчесто не се манифестни веднаш, што ве залажува дека на вашето бебе му е пријатно на сонце. Тие се јавуваат неколку часа подоцна и може да се манифестираат со црвенило, болка, оток, затегнатост на кожата, па дури и појава на пликови. Секако прво треба да го тргнете детето од директното изложување на сонцето. Доколку кожата е црвена и затегната потребно е да ставаат ладни облоги во текот на денот, а потоа да се нанесе хидратантна крема. Ако изгорениците се од потежок степен, контактирајте го вашиот педијатар.
Неколку совети за безбедно сончање
· Новороденото и младото доенче до 6 месеци не го изложувајте на директно сончево влијание.
· Ако сепак сте одлучиле да излезете надвор, избегнувајте го сончевото влијание меѓу 11-16ч.
· Најдобро е да го чувате вашето бебе под природна сенка или користете чадори за сонце.
· Облечете го во памучна лесна облека во светли бои, по можност да биде покриена поголема површина на телото.
· Почесто давајте му течности (доење, млеко по формула или кај постарите доенчиња бистри сокови и вода)
· Употребувајте крема за сончање соодветна за деца (кремата треба да штити од УВА и УВБ зраците, да биде водоотпорна, хипоалергена и да има висок заштитен фактор).
· Заштитете ја главата со шешир, а очињата со очила за сонце.
Сепак да не заборавиме дека без сонце нема живот. Тоа е извор на енергија. Едно од позитивните влијанија на сончевите зраци врз организмот е поттикнување на синтеза на витаминот Д во кожата. За создавање на Д-витаминот доволно е десетминутно изложување на сонце три пати во една недела.
На крај да ве потестиме дека антирахитичната профилакса со витамин Д треба да биде континуирана во текот на целата прва година од животот на вашето дете независно од годишното време. Практикувајте ги советите и имајте безгрижно лето!