Како настанува канцерот?

Нашиот живот е почнат од само една клетка. Таа е градбената структура на секое ткиво и орган. Преку процесот на делба, клетките се размножуваат и создаваат ткива и органи. Секоја клетка има свој животен процес – се создава, ја врши својата функција (размена на материи, делба) и умира. Во телото постои точно утврден систем според кој секоја клетка функционира нормално и знае кога треба да престане да се размножува. Хормоните преку крвниот систем пренесуваат „порака“ до нашите клетки и ги поттикнуваат да функционираат нормално (размена на материи – го снабдуваат ткивото со кислород и хранливи материи, а го ослободуваат од јаглеродниот диоксид и штетни материи). Целата размена на материи се одвива преку крвниот и лимфниот систем.

Овој хармоничен живот на секоја клетка е огледало на здрав и витален организам, кој има добар имун одговор и успева да го заштити организмот. Канцерогените клетки ги немаат овие својства и како резултат на тоа се размножуваат неконтролирано, имаат пократок животен рок и неправилна функција.

Како настанува канцерот?

Секој тип канцер настанува како резултат на промена (мутација) или оштетување на еден или повеќе гени. Гените се присутни во секоја клетка на човекот и се одговорни за развојот, функцијата и делбата на клетката. Мутацијата на гените може да има различен ефект во однос на промените што може да ги предизвика.  Ефектот зависи од тоа на кое место се настанати и дали мутацијата довела до промена на функцијата на важните протеини во клетката.

Благодарение на имуниот систем, клетките имаат способност да ги регистрираат промените во ДНК и да ги коригираат пред ваквите „лоши“ својства да ги пренесат на друга клетка. Во случај кога клетките не се во можност да ја коригираат, промената се пренесува и на другите клетки. Ваквите клетки со променета ДНК имаат голема шанса да преминат во канцерогени.

Како се раширува канцерот?

Клетките на канцерот може да се прошират од местото каде што се појавиле во другите делови на телото, каде може да преминат во други тумори. Канцерот може да се прошири на 3 начини:

Директно проширување – Туморот расте и се шири во околните ткива

Преку крвниот систем – Канцерогените клетки преминуваат во крвотокот и стигнуваат до друг орган/ткиво каде се прошируваат.

Преку лимфниот систем –  Клетките на канцерот преминуваат во лимфните садови и лимфните јазли и стигнуваат до друг орган/ткиво.

Каде може да се прошири канцерот?

Каде ќе се прошири туморот и дали воопшто ќе се прошири зависи од типот на канцерот и од органот каде што настанал. Степенот до кој се проширил канцерот во моментот кога пациентот е дијагностициран се нарекува стадиум. Најчесто, постојат четири стадиуми на проширување на канцерот (0-4). Откривањето на стадиумот и локализацијата на метастазите е од голема важност за понатамошниот тек во лекувањето и планот за следење.

Постојат три форми на проширување на канцерогените клетки:

Локализиран – Канцерот е ограничен

Регионално ширење – Канцерот се проширил на околното ткиво или лимфни јазли

Метастази – Канцерот се раширил во далечен орган или лимфни јазли во телото

Клетките на примарниот канцер може да се размножат во кој било дел од телото, но најчести органи каде се проширува се коските, мозокот, црниот дроб и белите дробови. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!