Вашата кожа е надворешната обвивка што го заштитува целото тело, но тоа не е сè. Таа е првото нешто што ве претставува пред светот. Кога вие сте здрави, таа е убава и блескава. Изборот го правите самите вие секој ден, затоа внимавајте.
Доколку сакате да имате убава кожа, внимавајте што јадете. Внесувајте повисоки дози на витамин Ц, а намалете го внесот на масти и јаглехидрати. Промената на вашата исхрана позитивно ќе влијае на изгледот на вашата кожа. Јадете храна богата со витамин Ц и Д, антиоксиданси, минерали, селен. Тие ќе ви помогнат да ја заштитите кожата од сонцето, ќе помогнат и при спречување на појава на брчки и промени на кожата.
Секој дел од телото има корист од вежбање, вклучувајќи го и најголемиот орган, кожата. Спортската активност ја подобрува циркулацијата, ја потхранува кожата, дотокот на хранливи материи, производството на колаген. Секогаш по вежбање измијте го лицето, за потта да не ги затвори порите.
Колку време спиете толку кожата ќе биде убава. Истражувањата покажуваат дека 7-8 часа сон го задржува телото во топ форма. Сонот, одморот и релаксацијата ќе ги избришат темните кругови околу очите, бледата кожа и потечените очи.
Избегнувајте директно изложување на сонце бидејќи 90% од оштетувањата на кожата се последица од сонцето. Колку подолго време сте на сонце толку повеќе ја зголемувате можноста да добиете карцином на кожа. Нанесувајте крема што ја штити кожата од штетните зраци.
Како што старееме кожата се менува. Вашето тело не произведува доволно колаген и еластин, па почнуваат да се појавуваат брчките и оштетувањата на кожата.
Сè што е премногу е штетно, па така и алкохолот, цигарите, кафето и чајот. Секој ден вашата кожа доаѓа во контакт со чад од цигари, издувни гасови од автомобилите, што дополнително влијае на нејзиното оштетување. Ладното време и големите температурни разлики се причина повеќе за сушење на кожата и појава на црвенило.