Мочниот меур е орган кој ја складира урината од бубрезите сѐ до нејзината елиминација од телото. Внатрешната површина на мочниот меур е обложена со епител познат како преоден епител, чија цел е да го заштити мочниот меур од влијанијата на урината. Кај карциномот на мочниот меур овие клетки почнуваат да се размножуваат неконтролирано и ги заземаат здравите ткива. Според д-р Александар Мицковски, специјалист хигург-уролог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ карциномот на мочен меур најчесто се јавува кај луѓе на возраст над 55 години, а најпознат ризик фактор е пушењето.
Кои се симптомите?
Карциномот на мочниот меур најчесто се манифестира со безболно крвавење во урината. Ова крвавење може да биде видливо или да се детектира само со микроскоп. Понекогаш може да се открие во урината покрај други испитувања. Многу ретко, но некогаш печење за време на мокрење може да се должи на оваа болест. Сепак, не постојат тестови кои се користат како скрининг на карцином на мочниот меур.
Кои се ризик фактори?
• Пушењето: се смета за најголем ризик фактор за развој на карцином на мочниот меур. Кај пушачите ризикот од појава е за двапати поголем отколку кај непушачите. Хемиските супстанци кои предизвикуваат канцер се наоѓаат во чадот од цигарите, се апсорбираат преку белите дробови во крвта, од тука се филтрираат и стигнуваат до мочниот меур. Затоа овие хемикалии содржат канцерогени ефекти врз мочниот меур.
• Одредени професии: туморите на мочниот меур најчесто се јавуваат кај вработените во индустрија за бои, работници кои работат со хемикалии како што се бензидин и бетанафтиламин, како и гума, кожа, производители на текстил, молери, машински работници, фризери, возачи на камиони. Факторите на ризик, заедно со ризикот од пушење цигари, кај одредени професии драстично се зголемува.
• Други фактори на ризик: најчесто се појавува на возраст над 65 години. За 4 пати е почест кај мажите за разлика од кај жените. Останати ризик се хронична инфекција на уринарниот тракт, камен во бубрег и во мочниот меур, ретки вродени дефекти на мочниот меур, недоволен внес на течности, семејна историја на карцином на мочниот меур, пиење вода со арсен.
Како се дијагностицира?
Кога постои крвавење во урината се прават современи дијагностички процедури на мочниот меур. Исто така, во дијагнозата може да помогне и уринарната цитопатологија. Сепак, дијагностичката вредност на овие студии во дијагнозата на тумори на мочниот меур е пониска. Најдобар метод за оваа дијагноза е цистоскопија. Цистоскопот се внесува преку надворешниот мочен канал директно во внатрешноста на мочниот меур. Тоа е цевчест инструмент со вградени „ладно светло“ и оптички леќи, доколку се забележат некои абнормални промени, лекарот може да земе парче од ткивото. Со цистоскопија се овозможува и патолошка дијагноза.
Како се лекува?
Според резултатите од патологија и резултатите од радиолошки испитувања (КТ на абдомен и мала карлица), MRI, се одредува фазата и стадиумот на болеста, според што се одредува методот на лекување. Без прогресијата во мускулното ткиво на мочниот меур, доволно е да се спроведе ТУР (БТ) (отстранување на туморот со ендоскопска метода). Понатаму, пациентите се контролираат со цистоскопија во редовни интервали. Следењето е важно бидејќи туморот на мочниот меур се повторува за 75 проценти во првите две години. Кај високо ризичните тумори треба да се администрира лек во мочниот меур. Туморите кои се напреднати до мускулното ткиво, но кои не се проширени во лимфните јазли и органи се отстрануваат со радикална цистектомија. При овој третман на мочниот меур се отстранува простатата и околните лимфни јазли. Потоа се прави нов мочен меур каде што ќе се складира урината на пациентот или се користи црево коешто ќе биде поврзано со кесичка и ќе се смести директно на кожата. Кај некои пациенти третманот се состои од: хируршка интервенција, зрачна терапија и хемотерапија. Метастатски (ако е раширен на други органи) во третманот на болеста се користи хемотерапијата.