Карцином на мочен меур

Најчесто се јавува кај луѓе на возраст над 65 год. и се карактеризира со безболно крвавење, односно крв во урината. Најпознат ризик фактор за карциномот на мочниот меур е пушењето.

Што претставува?

Мочниот меур е орган кој ја складира урината од бубрезите сѐ до нејзината елиминација од телото. Внатрешната површина на мочниот меур е обложена со одреден слој клетки. Целта на овој слој е да го заштити мочниот меур од влијанијата на урината. Кај ракот на мочниот меур овие клетки почнуваат да се размножуваат неконтролирано и ги заземаат здравите ткива.

Кои се симптомите?

Ракот на мочниот меур најчесто се манифестира со безболно крвавење во урината. Сепак, ова крвавење може да биде видливо само со микроскоп. Понекогаш може да се открие во урината покрај други испитувања. Многу ретко, но некогаш печење за време на мокрење може да се должи на рак на мочниот меур. Сепак, не постојат тестови кои се користат како скрининг за рак на мочниот меур.

Кои се ризик фактори?

• Пушењето: се смета за најголем ризик фактор за развој на рак на мочниот меур. Кај пушачите ризикот од рак на мочен меур е двапати поголем отколку кај непушачите. Хемиските супстанци кои предизвикуваат рак се наоѓаат во чадот од цигарите, се апсорбираат преку белите дробови во крвта, од тука се филтрираат и стигнуваат до мочниот меур. Затоа овие хемикалии содржат канцерогени ефекти врз мочниот меур.

• Одредени професии: туморите на мочниот меур најчесто се јавуваат кај вработените во индустрија за бои, работници кои работат со хемикалии како што се бензидин и бетанафтиламин, како и гума, кожа, производители на текстил, молери, машински работници, фризери, возачи на камиони. Факторите на ризик, заедно со ризикот од пушење цигари, кај одредени професии драстично се зголемува.

• Други фактори на ризик: ракот на мочниот меур најчесто се појавува на возраст над 65 години. За 4 пати е почест кај мажите за разлика од кај жените. Хронична инфекција на уринарниот тракт, камен во бубрег и во мочниот меур, ретки вродени дефекти на мочниот меур, недоволен внес на течности, семејна историја на рак на мочниот меур, пиење вода со арсен, сите овие се набројуваат во ризик факторите на развој на рак на мочниот меур.

Како се дијагностицира?

Кога постои крвавење во урината се прават современи дијагностички процедури на мочниот меур. Исто така, во дијагнозата може да помогне и уринарната цитопатологија. Сепак, дијагностичката вредност на овие студии во дијагнозата на тумори на мочниот меур е пониска. Најдобар метод за оваа дијагноза е цистоскопија. Цистоскопот се внесува преку надворешниот мочен канал директно во внатрешноста на мочниот меур. Тоа е цевчест инструмент со вградени „ладно светло“ и оптички леќи, доколку се забележат некои абнормални промени, лекарот може да земе парче од ткивото. Со цистоскопија се овозможува патолошка дијагноза. Според резултатите од патологија, може да има потреба од дополнителна терапија, третмани.

Како се лекува? 

Според резултатите од патологија, се одредува фазата и стадиумот на болеста, според што се одредува методот на лекување. Без прогресијата во мускулното ткиво на мочниот меур, доволно е да се спроведе ТУР (БТ) (отстранување на туморот со ендоскопска метода). Понатаму, пациентите се контролираат со цистоскопија во редовни интервали. Следењето е важно бидејќи туморот на мочниот меур се повторува за 75 проценти во првите две години. Кај високо ризичните тумори треба да се администрира лек во мочниот меур.

Туморите кои се напреднати до мускулното ткиво, но кои не се проширени во лимфните јазли и органи се отстрануваат со радикална цистектомија. При овој третман на мочниот меур се отстранува простатата и околните лимфни јазли. Потоа се прави нов мочен меур каде што ќе се складира урината на пациентот или се користи црево коешто ќе биде поврзано со кесичка и ќе се смести директно на кожата. Кај некои пациенти третманот се состои од: хируршка интервенција, радиотерапија или хемотерапија. Метастатски (ако е раширен на други органи или лимфни јазли) во третманот на болеста се користи хемотерапијата.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!