Карцином на панкреас

Во раните фази симптомите и знаците на болеста обично се наведуваат како чувство на полност и непријатност во стомакот, губење апетит. Сепак, лекарите и пациентите ги третираат овие симтоми како едноставни болки во стомакот, затоа е и потешко да се постави рана дијагноза на болеста.

Што претставува?

Карциномот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот растат неконтролирано и се размножуваат многу брзо. Овие клетки можат да се акумулираат во форма на тумор. Карциномот најчесто се формира во каналите на панкреасот, познат како аденокарцином. Каналите на панкреасот се обложени со клетки кои ги произведуваат дигестивните сокови. Карциномот, исто така, може да настане и во островските клетки, меѓутоа ваквите клетки се многу ретки. Канцерогените клетки во каналите на панкреасот се нарекуваат карцином на панкреасот или аденокарцином.

Кои се фактори на ризик?

Ризична група за карцином на панкреас се лицата на возраст од 40 до 60 години.

Кои се симптомите?

Првите симптоми на болеста, кои се заеднички за речиси сите пациенти, се подуеност во горниот дел од стомакот, чувство на непријатност, губење апетит. Генерално, овие симптоми најчесто се игнорираат и не се сфаќаат сериозно од страна на пациентите и лекарите, туку се дијагностицираат како едноставни болки во стомакот. Меѓутоа, во некои случаи се јавува одеднаш дијабетес, што може да асоцира на карцином на панкреасот. Кај пациенти без семејна историја на дијабетес, ваквата состојба привлекува внимание. Кога болеста ќе напредне може да се појават јаки болки во стомакот и грбот, жолтица, губење на тежината, подуеност во стомакот. За жал, овие наоди се индикатор дека границата за третман на болеста е надмината.

Како се дијагностицира?

За дијагностицирање на карцином на панкреас се прават тестови на крвта и други снимања. Вредностите на тумор маркерите CEA и CA 19 9 кај овие пациенти најчесто се високи. Кај пациентите со непроодност на жолчните канали, вредноста на билирубин и тестовите за одредување на функцијата на црниот дроб може да бидат високи. Следните дијагностички процедури се: ултразвук, компјутерска томографија и магнетна резонанца. Со овие методи може значително да се открие болеста.

Како се лекува?

Приоритетен метод на третман е хируршко отстранување на туморот. Постоперативно, речиси кај сите пациенти е потребна хемотерапија и радиотерапија. Доколку туморот не може целосно хируршки да се отстрани, пред операција се почнува со хемотерапија и радиотерапија за да се намали големината и хируршкиот третман да има резултати. Ако болеста е метастазирана т.е. проширена на другите органи, се применува само една метода, а тоа е хемотерапија.

Панкреасот е сместен зад желудникот и се наоѓа на место каде што поминуваат многу крв и лимфни садови. Затоа, по третманот веројатноста за повторна појава на болеста е многу голема. Кај пациентите кои се лекувале постои ризик болеста повторно да се појави во рок од 3 години. Поефикасно лекување и подолг период на преживување се очекува со пронаоѓање и користење на поефикасни хемотерапевтски агенси.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!