Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка или други вирусни инфекции. Но, не треба да ги занемарите бидејќи може да бидат и симптом на сериозно заболување како што е тумор.
Што се лимфни жлезди?
Лимфниот систем е важен дел од имунолошкиот систем на организмот,тоа е одбранбен систем на организмот против различни болести! Лимфните жлезди се дел од лимфниот систем, во нив се филтрира лимфната течност, тука се задржуваат и концентрираат вирусите,бактериите и друг туѓ материјал за на крај да ги уништат со помош на посебни бели крвни клетки наречени лимфоцити и макрофаги.
Кога настанува зголемување на лимфните жлезди?
Зголемување на лимфните жлезди на едно место настанува тогаш кога постои здравствен проблем: инфекција, повреда или тумор во близина или во лимфните жлезди.Некогаш, во исто времеможат да бидат зголемени лимфни жлезди на повеќе места на телото! Во детската возраст најчесто се зголемени лимфните жлезди во предел на вратот,што зборува за постоење здравствен проблем во предел на усната шуплина, носот, грлото, синусите или меките ткива на лицето и вратот!Најчесто се тоа вирусни инфекции предизвикани од респираторни вируси и бактериски инфекции на горните дишни патишта и крајниците (ангина,воспаление на лигавицата на носот, гркланот, синусите,воспаление на увото,забен кариес,воспалителни процеси на непцата!)
Кои други причини доведуваат до зголемени лимфни жлезди?
Поретки причини се детските заразни болести (сипаници,рубеола и заушки). Инфективна мононуклеоза(заболување предизвикано од Епштајн-Бар вирусот). Повреди, исечениции каснување од инсекти во предел на лицето и вратот. Автоимуни болести како несакан ефект од некои лекови(дилантин/антиепилептиц)како несакан ефект од вакцинација против мала сипаница, рубеола и заушки. Малигните болести како леукемија, Хоџкин и не–Хоџкин лимфоми се најретка причина, а стравот кај родителите најголем токму поради ова и, за среќа, во најголем број случаи останува без основа.
Дали зголемените лимфни жлезди се честа појава во детската возраст?
Во детската возраст неретко се случува жлездите да станат потврди и видливи и неколку недели откако ќе помине болеста или инфекцијата!Тие често се забележуваат кај деца со лимфатична конституција,тоа се група на деца кои реагираат со зголемување на лимфните жлезди при банални инфекции.Кај нив имунолошкиот систем сè уште е во фаза на созревање па за да се спречи понатамошното ширење на инфекцијата, потребно е поголемо создавање на одбранбени клетки во жлездите,нивна дополнителна работа и ангажман, што клинички се манифестира со нивно зголемување! Кај деца со честа ангина и воспаленија на горните дишни патишта, лимфните жлезди на вратот се хронично воспалени.Тоа најчесто се гледа кај деца кои посетуваат детска градинка поради честата изложеност кон инфекции И кај деца со алергиски промени на лигавицата на дишното стебло!
Како се поставува дијагнозата?
Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ). Дополнителни иследувања за утврдување на точната дијагноза се потребни :
– Ако зголемената жлезда не се повлекува по неколку недели од нејзината појава
– Ако дојде до зголемување на истата во однос на претходните денови
– Ако стане потврда по конзистенција, болно осетлива на допир или неподвижна(да не” бега”под прстите на допир)
– Ако постојат други придружни симптоми на болест:болно осетливо грло,продолжена носна секреција, кашлица,зголемена телесна температура!
– Ако постојат промени во општата состојба:намален апетит, губиток на телесна тежина,малаксаност,умор,ноќно потење вклучувајќи ичешање по кожата !
– Ако се појавуваат модринки по телото без претходен удар
– Лекувањето треба да биде етиолошко, да се лекува причината што довела до зголемување на лимфната жлезда.