Гладот е мистерија. Некогаш го јадете тоа што ви поставено во чинијата и станувате, следниот пат, пак, чувствувате празна дупка во стомакот и не можете да сопрете со јадење. Да, ова може да биде збунувачки бидејќи се борите со вашиот глад (физичката потреба за јадење) и вашиот апетит (желбата за јадење). Овие две работи често можат да доведат до забуна во периодот кога сакате да загубите некој килограм или да ја одржите вашата телесна тежина. Во секој случај, најдобро е да се потрудите да откриете што навистина ви кажуваат вашето тело и вашиот мозок.
Вистински глад
„Вистинскиот глад“ е најважниот тип на глад, тој ви кажува кога навистина треба да јадете. Вистинскиот глад можете да го почувствувате со неколку знаци. Почнувате да се тресете поради ниската доза шеќер во крвта, немате доволно енергија или стомакот почнува силно да ви кркори.
ТВ глад
Што оди подобро со добар филм или серија ако не полн сад со „нешто“ премногу во него? Многу е лошо кога по некој час сфаќате дека раката ви е длабоко во садот до вашиот лакот. Ова се нарекува „амнезија при јадење“. Најдобро е да најпрвин да размислите дали навистина сте гладни пред да седнете пред телевизорот или, пак, само сакате да им најдете занимација на вашите раце. Доколку е второто, тогаш најдете си друга занимација, од типот на плетење.
Глад од досада
Што да правам? Ајде да видиме што има во фрижидерот. Јадењето од досада е нешто што речиси секој го практикува. Поради тоа, мораме да си најдеме друга занимација во досадното време. Ги има безброј. Подобро прочитајте некоја книга, омиленото списание или прошетајте се.
Глад под стрес
Кога сме под стрес не обрнуваме внимание на тоа што јадеме. Попрво би посегнале по големо чоколадо или полна кутија бонбони наместо здрава салата. Застанете и фокусирајте се на здравствените придобивки во иднина, од типот на губење 5 килограми или намалување на крвниот притисок.
Глад во ПМС
Вашата идеја да загубите некој килограм ви се руши во моментот кога влегувате во пред менструалниот период. Неколку дена пред да влезете во ПМС се случуваат низа хормонални промени, а со тоа се зголемува вашиот апетит и копнежот за храна. Воопшто не депримирајте се. Кога сте во ПМС нормално е повеќе да јадете. Набрзо симптомите ќе исчезнат и рамнотежата во организмот ќе се врати.