Контролирајте ја телесната тежина за здрав срцев ритам

Атријалната фибрилација е една од најчестите абнормалности на срцевиот ритам и може да доведе до сериозни проблеми, меѓу кои и мозочен удар.

Оваа состојба е во пораст во последните години, а експертите посочуваат на многу ризик фактори. Една од најважните стратегии за контролирање на овој проблем е одржувањето на телесната тежина.

Атријалната фибрилација е една од најчестите абнормалности на срцевиот ритам и може да доведе до сериозни проблеми, меѓу кои и мозочен удар.

Оваа состојба е во пораст во последните години, а експертите посочуваат на многу ризик фактори. Една од најважните стратегии за контролирање на овој проблем е одржувањето на телесната тежина.

Вашето срце одговара на електрични сигнали кои му кажуваат кога да се стегне и кога да се опушти. Кога овие сигнали се блокирани, неправилни или неконтролирани, тогаш вашето срце добива погрешни инструкции кои резултираат со абнормален срцев ритам. Во случај на атријалната фибрилација вашето срце може да чука побрзо и неправилно. Во оваа состојба тоа не може ефикасно да пумпа крв. Доколку не се лекува навреме и трае подолг временски период, може да доведе до разни срцеви нарушувања па дури и мозочен удар.

Што го зголемува ризикот од атријалната фибрилација?

Постојат ризик фактори кои не можете да ги контролирате, од типот на семејната историја или староста. Но, многу луѓе кои имаат прекумерна телесна тежина можат да го намалат ризикот од ова заболување доколку слабеат, по пат на здрава исхрана и умерено вежбање.

Претераниот вишок килограми може да предизвика верижна реакција на дотокот на крвта до срцето. Крвниот притисок, натриумот, нивото на електролити и шеќери мораат да бидат во рамнотежа за електричниот систем да функционира нормално.

Истражување кое ја потврдува поврзаноста меѓу прекумерната тежина и атријалната фибрилација

Во едно недамнешно истражување испитувани се две групи на луѓе со прекумерна тежина кои имаат атријалната фибрилација. Двете групи имале ист медицински третман. Првата група била лекувана со испланирана програма за намалување на килограмите, додека другата, единствено примала совети за промена на животните навики.

Првата група покажала многу добри резултати во однос на намалување на телесната тежина и намалување на симптомите на атријалната фибрилација, додека испитаниците од  другата група изгубиле помалку килограми и не постигнале никакво видливо подобрување во симптомите на атријалната фибрилација.

Во секој случај, губењето килограми може да биде моќна алатка во борбата со атријалната фибрилација. Најпрвин помага во намалувањето на крвниот притисок и во намалувањето на аритмијата.

Од друга страна, прекумерната тежина, исто така, може да биде ризик фактор за слип апнеата и дијабетесот. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!