Користете презерватив

Летните одмори понекогаш можат да ви донесат и сексуално преносливи болести. Се пренесуваат преку сексуален однос без заштита или со често менување на партнерите. Најдобра заштита од сексуално преносливите инфекции овозможува презервативот. Употребата на други контрацептивни методи, како на пример таблети, спирала и сл. не се заштита од овие инфекции.

Најчести сексуално преносливи инфекции се инфекциите Chlamydia, Trichomonas, Gonorrhoea, HSV (herpes simplex virus), HPV (human papiloma virus)

sistina

КАКВИ СИМПТОМИ ДАВААТ ОВИЕ ИНФЕКЦИИ?

– Chlamydia – Околу 80 до 90 отсто се без симптоми, додека во помал процент се јавува вагинално печење, зголемен секрет, ако инфекцијата толку напреднала се појавуваат болки во стомакот, болни сексуални односи, натечени жлезди во препони, а ретко може да предизвика т.н. пелвична инфламаторна болест која понатаму води до тешкотии и неможност за забременување.

– Trichomonas – Вагиналниот секрет е жолто-зелен и има непријатна миризба.

– Gonorrhoea – Обилен жолт, гноен вагинален секрет кој може да биде комбиниран со болен сексуален однос.

– HSV (herpes simplex virus) – Периодична појава на болни меурчиња на кожата и слузокожата на гениталните органи.

– HPV (human papiloma virus) – Обично не дава симптоми освен ако не е комбинирана со некоја од другите инфекции. Овој вирус е најчест причинител на карциномот на грлото на матката.

ДАЛИ МАШКИОТ ПАРТНЕР ИМА ТЕГОБИ?

Во најголем процент кај машкиот партнер не се јавуваат симптоми, а ако ги има тоа најчесто се црвени точкасти промени на пенисот, болен сексуален однос, болки при мокрење.

КАКО СЕ ДОКАЖУВА ИНФЕКЦИЈАТА?

Треба да се посети гинеколог и со многу едноставни тестови, најчесто со земање брис, се открива причинителот и точно се определува која терапија ќе се примени кај пациентот.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ?

– прво и основно, употребата на презерватив кој во голем процент дава заштита
– да се избегнува носење долна облека изработена од синтетички материјали
– да се избегнува носење дневни влошки и тесни панталони повеќе од 2-3 часа
– да не се употребуваат парфимирани и агресивни средства за интимна хигиена
– да не се седи на краевите од базените за капење
– водените костуми за капење редовно да се менуваат со суви
– внимателно при користењето на јавните тоалети
– отстранувањето на влакненца од интимниот дел треба да е со сигурни методи кои гарантираат хигиена
– да не се практикува заедничка употреба на долна облека, крпи за бришење и други предмети за интимна нега.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!