Косата е огледало на вашето здравје

Здравата и бујна коса, како и кршливата коса и чувствителен скалп можат да бидат вистински показател за вашето здравје. Многу често одредени здравствени состојби или лекови може да влијаат и на квалитетот на вашата коса. Во одредени случаи главни „виновници“ се гените, но квалитетот на косата зависи и од вашиот начин на живот.

Здравата и бујна коса, како и кршливата коса и чувствителен скалп можат да бидат вистински показател за вашето здравје. Многу често одредени здравствени состојби или лекови може да влијаат и на квалитетот на вашата коса. Во одредени случаи главни „виновници“ се гените, но квалитетот на косата зависи и од вашиот начин на живот.

Првутот не е штетен

Појавата на првутот не е заразна. Една од теориите кои го објаснуваат неговото настанување вели дека главната причина е размножувањето на габи на скалпот. Други фактори одговорни за првутот се мрсна кожа на скалпот, стресот, прекумерна тежина, ладното време, егзема или псоријаза. Освен тоа што првутот може да биде непријатна појава и тешко исчезнува, не е знак дека е нарушено здравјето на скалпот и косата. За да се справите со првутот, одберете го најсоодветниот шампон наменет за третман на првутот. Ако подолго време не можете да се ослободите од првутот, обратете се кај вашиот доктор.

Жолт првут?

Доколку забележите дека трагите од првутот се мрсни и се со жолта боја, можно е да се работи за себороичен дерматитис. Во тој случај, се работи за воспаление на кожата што најчесто се јавува на местата каде се наоѓаат потните жлезди (најчесто тоа е лицето и скалпот). Бидејќи себороичниот дерматитис е поврзан со хормоните, габични инфекции, како и со невролошки проблеми, се третира исто како и првутот, со шампони против првут. Одредени состојби бараат и третман со лекови зависно од причинителот на воспалението.

Дневно може да паднат и до 100 влакна

Некои од експертите кои се занимаваат со оваа проблематика сметаат дека дневно може да паднат и до 100 влакна. Ова не значи дека ќе останете без коса и не е причина за паника. Се смета дека околу 90% од 100.000–те фоликули создаваат влакна и се во т.н. активна фаза во одреден временски интервал. Останатите 10 % се во фаза на мирување, а косата опаѓа по 2 до 3 месеци. Паднатите влакна се заменуваат со нова коса, и со тоа циклусот на обновување на косата почнува од почеток.

Појавата на бели влакна е наследна

Најчесто обелувањето на косата доаѓа со минување на годините. Но, кај голем број од случаите обелувањето на косата настанува многу порано и е наследно. Обелувањето не значи дека имате нарушување во здравјето, како анемија, проблем со тироидната жлезда, недостиг на витамин Б12 и слично.

И сонцето ја оштетува косата

Преголемата изложеност на сонце може да ја направи вашата коса сува и кршлива. Доколку имате и ретка коса, можни се изгореници на скалпот. Производите кои можете да ги најдете за заштита од сонце ја заштитуваат кожата, но скалпот не можете целосно да го премачкате. Од таа причина, идеалната заштита ќе ја постигнете доколку ставите капа секогаш кога сте подолго време изложени на сонце.

Квалитетната исхрана влијае на квалитетот

Доколку сакате да имате здрава и сјајна коса, одберете здрав начин на живот. За растењето на косата и за одржување на нејзината структура потребни се витамини и протеини кои ќе ги внесете во доволна количина само доколку вашето мени изобилува со овошје и зеленчук.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!