Крварења во мозокот

Мозочните крварења опфаќаат  8 -13% од сите мозочни удари, но затоа пак имаат највисок морталитет (смртен исход) околу 62%. Карактеристично за ваквиот тип крварење е фактот дека кај 50% од преживеаните се јавува траен инвалидитет. Токму поради тој факт, од големо значење за исходот на пациентот е навремено поставената дијагноза и итен третман.  

Мозочните крварења опфаќаат  8 -13% од сите мозочни удари, но затоа пак имаат највисок морталитет (смртен исход) околу 62%. Карактеристично за ваквиот тип крварење е фактот дека кај 50% од преживеаните се јавува траен инвалидитет. Токму поради тој факт, од големо значење за исходот на пациентот е навремено поставената дијагноза и итен третман.  

Што претставува мозочното крварење?

Интракранијално крварење претставува патолошка акумулација на крв внатре во черепот. Крварењето може да настане во мозочниот паренхим (мозочно крварење-ICH)) или во обвивките на мозокот. Инциденцата на мозочните крварења на годишно ниво изнесува 12-15 пациенти  на 100 000 луѓе. Во зависност од локализацијата на крварењето стапката на морталитет е драстично различна. На пример, кај крварењата во мозочното стебло и понс се јавува морталитет кај 75 % од пациентите , во првите 24 часа од појавата на краврењето.

Причини за мозочно крварење ?

Нетрауматските мозочни крварења најчесто настануваат поради:

–          Хипертензивно оштетување на ѕидот на крвните садови (при хипертензија, еклапсија, интоксикација со дрога итн.);

–          Дисфункција на крвните садови со зголемена количина на крв во мозокот (хеморагична трансформација на инфаркт на мозок, изложување на ладно);

–          Васкуларни малформации (руптура на церебрална анеуризма или артериовенска малформација);

–          Артериопатија;

–          Пореметена хемостаза (пр. тромболиза, антикоагулација, крваречка дијатеза);

–          Хеморагична некроза ( пр. тумор, инфекција); или обструкција на венската дренажа (пр. тромбоза на мозочните вени);

Трауматските мозочни крварење можат да настанат при рани на главата;

Како се манифестира мозочното крварење?

Почетокот на крварењето е најчесто акутен, за време на денска активност, со прогресија (минути до часови) на некои од следниве знаци наредени по честота: пореметена свест, гадење и повраќање, главоболка, епилептични напади и фокални невролошки знаци. Клиничкиот наод зависи од големината и локализацијата на хематомот и најчесто кај пациентите се забележуваат следниве знаци: хипертензија, покачена температура, пореметен срцев ритам, закочен врат, крварење на ретина во окото, пореметена свест, проширена една зеница. Можна е и појава на невролошки испади кои зависат од местото на крварењето (на пример крварења во базални ганглии даваат одземање на движења на спротивната страна од телото-хемиплегија и изгубен сензибилитет од таа страна, пореметен поглед спротивно од таа страна, пореметено видно поле итн.).

Навремената и прецизна дијагностика чекор до успешен третман

Компјутеризината томографија (КТ)  е златен стандард  во дијагностицирањето на мозочните крварења, додека магнетната резонанца (MRI) може да покаже кога се појавило крварењето, како и да открие присуство на  васкуларни малформации или тумор. КТ, MRI ангиографија или конвенционална ангиографија се употребува во одредени случаи кога е потребно да се исклучи некоја малформација на крвните садови (пр. анеуризма, артериовенска малформација), што особено е случај кај помлади пациенти.

Третман

Конзервативниот третман се препорачува кај пациентите со минимален невролошки дефицит или при мозочно крварење чиј волумен е помал од 10 мл. Во таков случај, она што е неопходно да се направи е следново:

  • ендотрахеална интубација кај пациенти со намалена свест (пр. кома) и отежнато дишење.  
  • Намалување на високиот крвен притисок под 130 mm/Hg,
  • Стабилизирање на  виталните знаци,
  • Третман на  покачениот интракранијален притисок;
  • Коригирање на евентуалната коагулопатија;
  • Давање на антиепилептична терапија;
  • Поставување назогастрична сонда за исхрана;
  • Да се започне со физикална терапија градуирано.

Оперативниот третман  (краниотомија и евакуација на хематомот со помош на микроскоп) се препорачува кај пациенти со крварења во малиот мозок поголеми од 3 см, пациенти со ICH  заради структурни васкуларни лезии (пр. анеуризма), како и кај помлади пациенти со лобарни крварења. Најчестите кр
варења во базални ганглии обично немаат корист од стандардна операција, иако некои понови серии на пациенти третирани со иглена стереотактична или ендоскопска евакуација покажуваат почетни резултати.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!