Крвавење од носот

Кога ќе добиете удар во носот за време на спортската активност, ќе се удрите или ќе паднете на носот јасно е дека од носот ќе ви потече крв. Но, многу често се случува без никаква причина да забележите дека ви тече крв од носот. Тоа може да се случи додека спиеме, и кога наутро ќе се разбудиме да се збуниме како и кога се случило тоа. Ова крвавење најчесто се јавува од едната ноздра. Иако често се јавува кај деца и повозрасни луѓе, никој не е поштеден. Слузницата на носот е пребогата со ситни капилари и артерии, особено во долниот дел на носната преграда. Добрата вест е дека 90% од крвавењата е појава која сами можете да ја санирате и крвавењата не е симптом кој е поврзан со други нарушувања.

Кои се најчестите причини?

–          Чепкање на носот – иритација на слузницата

–          Механички удар

–          Разни инфекции

–          Намалена слузница поради настинка

–          Зголемено користење на капки за нос

–          Сув воздух во просторијата во која престојувате

–          Висок крвен притисок, болести на срцето, анемија

–           Исцрпеност и преголем физички напор

–          Земање одредени лекови

Како да реагирате?

Голем број луѓе кога им тече крв од носот ја креваат главата наназад. Но, напротив, главата мора да биде насочена кон напред и со два прста да се затне носот во долниот дел и така да држите неколку минути. Доколку главата ја зафрлите наназад, со тоа правите дополнително заморување  и го продолжувате времето на крвавењето. Не е грешно доколку за време на крвавењето ставите ладен облог.

Како да го превенирате крвавењето од носот?

–          Со внесување на доволна количина течности одржувајте ја влажна слузницата на носот

–          Во ладните денови набавете освежувач за воздухот кој нема да го суши воздухот во просторијата во која престојувате

–          Навлажнувајте го носот со спреј

–          Консумирајте храна богата со витамин Ц  

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!