Летна и освежителна салата од краставица и јогурт

Потребни состојки:

1 Краставица
1 Јогурт
1 главица кромид
Лук (по вкус)
Сол и црвен пипер
Маслиново масло
Фета сирење, горгонзола или друго сирење по желба

Потребни состојки:

1 Краставица
1 Јогурт
1 главица кромид
Лук (по вкус)
Сол и црвен пипер
Маслиново масло
Фета сирење, горгонзола или друго сирење по желба

Начин на подготовка:

Излупете ја краставицата и исечкајте ја на коцки. Полејте ја со малку јогурт и посолете ја. Во друг сад ставете го исечканото фета сирење на коцки, ситно исечканиот лук и исечканиот кромид. Потоа сите состојки помешајте го со остатокот од јогуртот и прелејте го сосот преку краставицата. На крајот, капнете малку маслиново масло и додајте од црвениот пипер.

Сервирајте ја салатата ладна и уживајте во овој убав и свеж летен рецепт кој нема многу калории, а ќе ја засити вашата глад! 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!