Сон на секој човек е да биде здрав, но и да изгледа убаво и младолико. Но, постојат одредени навики кои често ги практикуваме и не забележуваме колку ѝ штетат на нашата кожа. Применете ги овие правила и подмладете се.
Пиење од цевка
Дали често пиете напитоци со цевка? Тоа може да го забрза процесот на формирање брчки. Кожата околу усните се напрега, а брчките се вдлабнуваат од двете страни на устата.
Изложување на сонце без да нанесете заштитна крема
Нанесувањето на средствата со заштитен фактор би требало да се наоѓа на врвот на вашите приоритети кога ќе бидете изложени на сонце, дури и на неколку минути кога го шетате вашето милениче. Имено, 5 до 10 минути дневно изложување на сонце без заштитен фактор може да ѝ наштети на вашата кожа, од типот на прерано стареење или карцином на кожа.
Претерано чистење на лицето
Убаво е да имате чиста и негувана кожа на лицето, но претераното чистење на кожата не е добар начин за да се спречи стареењето. Напротив, водата и агресивните состојки кои ги содржат некои производи можат да го намалат или спречат создавањето на вашите природни масла кои ја одржува хидратацијата на кожата. Доколку имате сува кожа, измијте го лицето еднаш пред да заспиете и нанесете ноќна крема. Ако имате масна кожа измијте го лицето еднаш наутро и еднаш навечер, а притоа слободно користете благо средство за чистење.
Главата горе
Колку пати во денот сте се виделе како седите на работната маса со брадата потпрена на вашата дланка? Ако оваа состојба најчесто резултира со болка во грбот и вратот, тоа значи дека ова не е единствената причина за да почнете да седите исправено. Со други зборови толку силно истегнување на вратот не е добро за вашата кожа бидејќи се растегнува кожата, а потоа се формираат брчки. Подеднаква, дури и полоша штета може да направи и гледањето надолу, односно зачестенато гледање во екранот на мобилниот телефон.
Нередовно вежбање
Вежбањето го подобрува дотокот на крвта во кожата и така таа станува поубава и поздрава. Дерматовенеролозите препорачуваат вежбање и тоа 5 дена во неделата, најмалку 30 минути во денот со помал интензитет или 3 дена во неделата вежбање со посилен интензитет и тоа 25 минути во денот. Вежбањето се препорачува со цел да се подобри целокупното здравје на телото, а ќе се одрази и на вашата кожа. Практикувајте сѐ, од трчање до јога, на тој начин ќе го подобрите кардиоваскуларниот систем, а ќе имате и позитивен ефект на вашата кожа.