Мајчино млеко- незаменлива храна за вашето бебе

Најголема дилема за секоја мајка е која е најдобра храна за нејзиното бебе во првите месеци. Драги мајки, тука нема дилеми. Вашето млеко е незаменливо.

Мајчиното млеко е најдобрата и идеална храна за секое новороденче. По својот состав и карактеристики, а зависно од времето на лачење разликуваме колострално млеко (колострум), преодно и зрело мајчино млеко.

sistina

1. Колострумот е млекото кое мајката го лачи првите неколку дена по раѓањето и тоа се разликува од зрелото мајчино млеко по тоа што е богато со протеини, витамин А и готови имуноглобулини. Тоа се заштитни антитела кои бебето како еден вид пасивна или примарна имунизација ги добива од својата мајката и истите го штитат од многубројните ,,непријатели” кои му се закануваат во неговата околина.

2. Потоа се лачи преодното, па зрелото мајчино млеко кое е веќе со избалансиран состав, идеално адаптирано на нутритивните потреби на новороденчето во првите неколку месеци. Се одликува со адекватен сооднос на протеини, јаглехидрати, масти, минерали, особено железо, кое во голем процент ( дури до 50 % ) се ресорбира од мајчиното млеко и ги задоволува потребите на организмот во првите месеци. Затоа е важно да се истакне дека за да имаме здраво новороденче неопходно е да имаме здрава трудница која се храни правилно потпомагајќи го правилниот раст и развој на плодот. Мајчиното млеко, ако го има доволно, треба да биде единствената храна кај бебето во првите 5-6 месеци на живот.

Адаптирана млечна формула се дава кога мајката од објективни причини не може да дои, кога доенчето заостанува во тежина и покрај целосното ангажирање на мајката да го одржи доењето, при одредени патолошки состојби кои бараат итно прекинување на доењето.

Неадаптираното кравјо млеко треба да се избегнува во текот на првата година поради составот кој не е адекватен за младиот организам и појавата на алергиски реакции.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!