Дисектомија е хируршка процедура со која се отстранува оштетениот дел од дискусот. Ова оштетување предизвикува иритација и притисок врз околните нерви, па пациентите чувствуваат болка, вкочанетост или слабост. Симптомите може да се појават во пределот на долниот дел од грбот и/или нозете. Поголем дел од луѓето кои ги чувствуваат овие симптоми може да се ослободат од нив преку конзервативен третман, лекови или физикална терапија. Доколку конзервативниот третман не ви помогне, се предлага хируршки третман – дисцектомија. Според проф. д-р Кирил Лозанче, неврохирург, постојат неколку техники, но последните години кај нас се применува минимално инванзивна отворена хирургија, со користење микроскоп за подобра визуелизација.
Предноста на овој метод е тоа што се прави помал рез, заздравувањето од операцијата е многу побрзо и пациентот за кратко време си оди дома.
ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА
Отворената дисцектомија се изведува во општа анестезија. Се прави рез на кожата од 2-3 сантиметри. Понекогаш се вади дел од коскеното ткиво за подобра визуелизација на дискусот без да се оштети нервниот корен. Ова се нарекува ламинектомија или ламинотомија. Откога добро ќе се визуелизираат ламините на вертебрата, дискусот и околината, се отстранува делот од дискусот кој се поместил од дискалниот ѕид, но и други делови кои излегуваат од дискалниот простор. Во овој дел од операцијата во нашата болница рутински користиме оперативен микроскоп со кој се овозможува подобро осветлување и поголемо зголемување на видното поле. Со тоа се овозможува подобра заштита на нервниот корен. Последниве 6 месеци постепено воведовме и метода на неврофизиолошки мониторинг (следење на функцијата на коренот на нервот) така што имаме двојна заштита при манипулација со нервниот корен.
КОГА СЕ ПРАВИ?
Оваа интервенција се изведува за да се намали притисокот кој го прави испакнатиот диск врз нервите. Вашиот доктор може да ви ја препорача оваа интервенција и ако:
- Имате проблеми со стоење или одење
- Не чувствувате подобрување на ефектите по конзервативниот третман
- Ако имате проблеми со мокрењето
- Имате неподнослива болка во нозете и/или долниот дел од грбот
ПО ИНТЕРВЕНЦИЈАТА
По будење од анестезија на пациентот му сугерираме рано движење, отприлика околу 6 часа по процедурата. Нашата екипа од физикална терапија почнува со работа со пациентот веќе следниот ден, така помагајќи му на пациентот да закрепне побргу и да му објасни општи мерки при движење, качување по скали, седење, станување од автомобили и кревет. Секако, тука спаѓаат и специфични вежби за дома. Откако пациентот ќе стигне дома, а тоа е најчесто по 24-48 часа од операцијата, може да има мали рестрикции како: седење пократко време, подигање предмети не потешки од 2 кг, избегнување прекумерно истегнување во првите 4 недели по операцијата. Повеќето пациенти може да се вратат на својата работа за околу 4 недели. Тие со потешка работа со подигање тежок товар или јаки вибрации ќе се вратат на работа по 8 недели. По оваа интервенција поголем дел од пациентите се ослободуваат од болката.
ОПЕРАЦИЈА НА ЛУМБАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви специјален пакет за операција на лумбална дискус хернија. Во пакетот е вклучен микрохируршки третман со поддршка на невромониторинг, за безбедна интервенција, болнички престој, физикална терапија – 10 третмани. Интервенцијата ја изведува високо професионален тим на неврохирурзи со повеќе од 30 години искуство од оваа област.