Неколку митови и факти за ХИВ вирусот

 

1. Доколку имате ХИВ значи дека имате СИДА

Мит. ХИВ вирусот ги уништува имунолошките клетки што всушност му помагаат на организмот да се избори со болестите. Со добра терапија можете да живеете со вирусот со години, па и децении, без вирусот да прогресира во СИДА.

 

1. Доколку имате ХИВ значи дека имате СИДА

Мит. ХИВ вирусот ги уништува имунолошките клетки што всушност му помагаат на организмот да се избори со болестите. Со добра терапија можете да живеете со вирусот со години, па и децении, без вирусот да прогресира во СИДА.

2. Тешко е да заболите од ХИВ при обичен контакт со заразено лице

Факт. Не можете да заболите ниту да пренесете ХИВ доколку прегрнете некого, користите една крпа или една чаша. Но, сепак, можете да пренесете ХИВ преку незаштитен полов однос, користење исти игли или тетовирање со нестерилизирани игли.

3. Ќе живеете уште неколку години

Мит. Вистината е дека многу луѓе живеат со децении со ХИВ или СИДА и имаат нормален живот. Можете да го спречите прогресирањето на вирусот ХИВ во СИДА со редовни контроли кај вашиот доктор.

4. Знаете дека имате ХИВ по некои симптоми

Мит. Некои луѓе не покажуваат никакви симптоми на ХИВ со години по инфицирањето. Многумина може да покажат симптоми 10 дена по инфицирањето. Овие симптоми се слични со оние на грипот и мононуклеозата и можат да вклучат треска, замореност, нафрлување и болки во грлото. Симптомите најчесто се губат по неколку недели и можат да не се појават неколку години. Затоа, единствениот начин да дознаете дека сте заболени од ХИВ е тестирањето.

5. ХИВ вирусот може да се излекува

Мит. Во моментов не постои лек за ХИВ, но третманот може да ги одржи ниските нивоа на вирусот, а со тоа и да го одржи имонолошкиот систем.

6. Секој може да заболи од ХИВ

Факт. Од ова заболување може да заболи буквално секој без разлика на полот, возраста и сексуалната определеност. Во Америка од овој вирус секоја година заболуваат нови 50 000 лица, а од СИДА умираат 15 500.

7. Сексот е безбеден кога двајцата партнери имаат ХИВ

Мит. Фактот дека двајцата партнери имаат ХИВ не значи дека не треба да користат заштита додека имаат сексуален однос. Презервативот може да ве заштити од многу други сексуално преносливи болести, како и други типови на ХИВ кои не се лекуваат со иста терапија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!