Митови за кофеинот

Кофеинот е дел од нашето секојдневие и ритуал со кој се почнува денот. Додека го подготвувате утринското кафе прочитајте неколку митови за кофеинот што ќе ви помогнат да дознаете повеќе информации за неговите позитивни влијанија, но и несакани ефекти во случај кога ќе ја надминете дневно препорачаната доза.

Кофеинот е дел од нашето секојдневие и ритуал со кој се почнува денот. Додека го подготвувате утринското кафе прочитајте неколку митови за кофеинот што ќе ви помогнат да дознаете повеќе информации за неговите позитивни влијанија, но и несакани ефекти во случај кога ќе ја надминете дневно препорачаната доза.

Кофеинот предизвикува несоница

Телото брзо го апсорбира кофеинот, но и за релативно кратко време го елиминира од организмот. Во просек за 5 до 7 часа пола од кофеинот веќе е елиминиран од организмот. По 8 до 10 часа 75% кофеин е елиминиран. Затоа, најдобро е кафето да го пиете наутро, или барем шест часа пред спиење со цел да немате никакви потешкотии при заспивањето. Но, сите организми се различни, па така кај одредени луѓе кофеинот не е поврзан со несоницата, додека кај одредени луѓе не само што пречи при заспивањето туку предизвикува и други симптоми како нервоза и гастроинтестинални проблеми.

Кофеинот го зголемува ризикот од остеопороза, срцеви болести и канцер

Кога се пие во големи количини (повеќе од 750 милиграми на ден) кафето може да го зголеми лачењето на калциумот и магнезиумот преку урината. Научните истражувања досега немаат докажано дека кофеинот може да предизвика остеопороза, особено ако имате доволно количество калциум.

Досега не е утврдена поврзаноста на кафето и високиот крвен притисок, покачено ниво на холестерол, нерегуларна срцева работа (аритмии). Кај луѓето кои се чувствителни на кофеин можно е мало забрзување на пулсот и минимално зголемување на крвниот притисок. Ако имате висок крвен притисок или какви било проблеми со кардиоваскуларниот систем, консултирајте се со вашиот доктор за оптималната количина кофеин во текот на денот.

Повеќе од 13 студии во кои учествувале 20.000 луѓе докажале дека не постои никаква поврзаност со кофеинот и малигните заболувања. Напротив, кофеинот дури може да има и превентивна улога во појавувањето на канцер.

Кофеинот може да предизвика дехидратација

Кофеинот можно е да предизвика потреба за почесто уринирање. Но, покрај кофеинот (кога пиете кофеински пијалаци) внесувате и течност што ја балансира количината на течност што ја губите. На тој начин, кофеинот не може да биде причина за дехидратација

Кофеинот нема позитивно влијание на здравјето

Дали сте од оние луѓе кои се будат и веднаш помислуваат на кафе ? Голем број студии покажуваат дека кофеинот ја одржува будноста, ја зголемува концентрација и ве прави поенергични.

Одредени истражувања покажуваат дека кафето ја намалува главоболката. Мал број докази зборуваат за тоа дека кофеинот го намалува ризикот од појава на Паркинсонова болест, болести на црниот дроб, дебелото црево, тип 2 дијабетес и деменција.

И покрај докажаните предности од кофеинот, секогаш имајте предвид дека тоа се однесува на умерено консумирање кофеин. Пиењето дози надвор од препорачаното може да предизвика несакани ефекти.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!