Моќта на морската сол

Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Пред да ви откриеме некои од нејзините својства морате да го знаете податокот дека таа настанува како резултат на природните процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.

Природната морска сол е здрава и има тераписки својства. Пред да ви откриеме некои од нејзините својства морате да го знаете податокот дека таа настанува како резултат на природните процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат сочувани. Морската сол благодарение на повеќе од 80 елементи во својот состав делува чудотворно на здравјето на кожата и косата.

Таа има алкален ефект кој помага во балансирањето на нивото  на киселина во телото и на тој начин ги елиминира потенцијалните ризици за фаталните болести. Може да го зајакне имунолошкиот систем, па телото станува поотпорно на разни автоимуни заболувања од типот на грип, алергија и слично.

Го подобрува кардиоваскуларниот систем. Научниците докажуваат дека редовниот внес на морска сол растопена во вода може значајно да го намали нивото на лош холестерол во телото. Исто така, го регулира крвниот притисок и ја нормализира неправилната работа на срцето.

Метаболичките нарушувања од типот на дијабетес можат успешно да се третираат и лечат со морска сол бидејќи таа го намалува нивото на шеќер во крвта.

Повеќе од 20% од натриум во нашето тело се акумулира во коските, кои, пак, се оштетуваат поради недостиг на минералите во крвта и телесните течности. Доколку додадете морска сол во исхраната, можете да избегнете и излекувате остеопороза.

Морската сол, исто така, е корисна за респираторниот систем, а минералите и олигоелементите кои ги содржи морската вода помагаат во заздравувањето на слузокожата. Врши и благо антисептиско и антибактериско дејство кое им се припишува на јоните на калциумот и магнезиумот.

Таа е добар извор на калиум (кој ја олеснува функцијата на мускулните влакна), а со тоа  морската сол благотворно делува на грчевите.

Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта. Содржи големи количини витамин Ц, кој делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот, пак, го овозможува ефикасното делување на антиоксидансите.

Како што солта ги извлекува токсините од телото така кожата станува мека и здрава. Затоа купките кои содржат морска сол можат да го подобрат тонусот на кожата. Овие купки, исто така, имаат способност да го излачуваат вишокот вода од кожата, со што спречуваат насобирање на вишокот течности и кожата станува поцврста, помазна и поздрава. Полна е со витамини и минерали од витална важност за правилната исхрана на клетките. Овие хранливи состојки го подобруваат метаболизмот на клетките, ја одржуваат хидратацијата на ткивото и ја зголемуваат цврстината на мембраната на клетката.

Калциумот помага во чистењето на затнатите пори на кожата.

Морската сол претставува идеален природен пилинг на кожата бидејќи нејзината текстура го отстранува горниот слој на мртвите остатоци на кожата. Со помош на многуте минерали присутни во морската сол косата ќе го добие посакуваниот волумен бидејќи им обезбедува доволно хранливи состојки на фоликулите. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!