Најчестите прашања за детската кашлица

Што е кашлица?

Кашлицата е одбранбен механизам со кој организмот сака да ги ослободи дишните патишта од страни честички, секрет и останатите продукти при воспаление. Кашлицата е најчестиот симптом кај заболувањата на  респираторниот систем. меѓутоа таа може да недостасува кај новороденото во раниот доенечки период како и кај  деца со оштетен рефлекс на кашлица, деца со ментална ретардација, со болести на централниот нервен систем, парализа на дишната мускулатура или при користење на лекови кои ја смируваат кашлицата. Рефлексот на кашлицата е многу комплексен, го контролира центар во ´рбетниот мозок и многу нервни влакна, а при кашлица е потребна синхронизација и активност на голем број респираторни мускули. Рецепторите за кашлица се наоѓаат од фарингсот до бронхиолите.

najcestite-prasanja-za-detskata-kaslica

Видови на кашлица?

Кашлицата може да биде, акутна, хронична, повторувачка, сува, продуктивна, рамномерна, кашлица во напади или да се јавува во текот на јадење. Може да се јавува наутро или во тек на ноќта. Најчеста причина за акутна кашлица е вирусна инфекција, која трае не повеќе од 7 дена.

Долготрајна кашлица—се јавува по инфекција,  кашлица како резултат на вдишување на секрет или храна, синдром на пертусис, вдишување на туѓо тело, воспаление на дишните патишта, зголемена рективност на дишното стебло, бронхиектазии, кај некој деца се јавува и психогена кашлица, но истата ја нема во тек на сонот.

Продуктивна кашлица се работи кога детето искашлува секрет. Детето почнува да искашлува  после петтата година од животот. Некогаш изгледот на спутумот говори за причината за кашлицата. Значи исптутување на спутум за бактериолошка анализа е возможно само после петтата година, кога детето може спонатно да ексекторира спутум, се друго е само импровизација и собирање на секрет од горното дишно стебло.

Како се дијагностицира кашлицата?

Анамнезата секогаш ни дава драгоцени податоци за кашлицата. Доколку детето кашла како: лавеж на куче укажува на ларингит; битонална кашлица укажува на заболувања на трахеата; кашлица проследена со визинг (свирење) укажува на бронхоопструкција.Кашлицата која се јавува кај доенче помало од 4 месеци треба сериозно да се сфати и бара поголем број на испитувања. Доколку кашлица се зголемува кога детето оди на спиење укажува на слевање на секрет од горното дишно стебло. Повторувана кашлица  има кај поленозите, аденоидените вегетации и при чести инфекции на горните дишни патишта.

Како да ја лекуваме кашлицата?

Лекувањето на кашлицата зависи од типот на кашлицата, возраста на детето и должината на траење на истата. Лекувањето треба да обезбеди проодност на горното дишно стебло, промена  на положбата на телото на детето, лесна мануелна перкутана торакална дренажа, доволен внес на течности, ослободување на горните дишни патишта од секрет, корен од бел слез кој делумно добро делува на кашлицата, капки за нос, инхалација со солен раствор.

Антихистаминиците не се индицирани кај акутната кашлица, бидејќи ја сушат слузницата на дишното стебло, за муколитиците постојат спротивставени ставови, но не треба да се даваат кај акутната кашица бидејќи нивното делување започнува после неколку дена, кога веќе симптомите на акутната кашлица поминуваат.

Потребно е да обезбедиме одреден степен на влажност во домот – посебно во периодот на грејната сезона, идеална собна температура 22-23 степени, да не се изложува детето на дим од цигари и задимени простории.

Физикалната терапија и респираторната гимнастика се препорачува само кај хроничните респиратони заболувања—кои доведуваат до развој на деформитет на бронхиите-бронхиектазии.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!