Заблудите поврзани со карциномот кај многу пациенти може да доведат до непотребен страв и грижи. И кога еднаш ќе чуете некој факт, започнуваат долгите пребарувања по интернет, натписите по весници, потоа продолжувате да ги читате етикетите на производите да не случајно станува збор за канцерогени производи. Прочитајте ги најголемите заблуди за канцерот.
Антиперспирантите и дезодорансите може да предизвикаат карцином на дојка
Нема убедливи докази кои ја поврзуваат употребата на антиперспиранти и дезодоранси со појавата на карцином на дојка. Дел од истражувањата покажуваат дека овие производи содржат штетни материи (алуминиумски состојки) кои можат да се апсорбираат преку кожата или, пак, навлегуваат во порите под пазувите по бричење. Ако сте загрижени и се плашите да ги употребувате, изберете производи што не содржат хемикалии и се на природна база.
Биопсијата може да го прошири туморот
Не постојат убедливи докази дека канцерот може да се прошири при биопсија. До оваа заблуда доаѓа што кај пациентот прво со биопсија се потврдува дијагноза канцер. По биопсијата се прават дополнителни испитувања, каде може да се откријат метастази. Па, повеќето пациенти мислат дека метастазите се последица на биопсијата, што е погрешно.
Пациентите на зрачна терапија се радиоактивни
X зраците што се користат при зрачна терапија во леку- вањето на карцином не остануваат во телото на пациентот. Освен нивната намена во зрачење на заболеното ткиво, не претставуваат опасност за околината и не се пренесуваат од пациентот на луѓето во неговата непосредна близина.
Не треба да се јаде шеќер ако имате канцер
Шеќерите не го забрзуваат развојот на карцином. Сите клетки во телото, вклучувајќи ги и канцерогените се во тесна поврзаност со шеќерот во крвта кој обезбедува енергија. Но, тие ниту го забрзуваат ниту, пак, го забавуваат развојот на карцином. До оваа заблуда може да дојде поради тоа што при изведување на позитрон емисиона томографија ПЕТ се користи мала количина на радиоактивен контраст обично во форма на гликоза. Сите ткива во телото го апсорбираат и даваат јасна слика за состојбата. Поради оваа причина, не- кои луѓе сметаат дека канцерогените клетки растат побрзо од шеќерот. Но, тоа не е точно. Сепак, постојат некои дока- зи дека консумирање големи количини шеќер е поврзано со зголемен ризик од одредени видови карцином, вклучувајќи го и карциномот на хранопроводот. Исто така, неконтролираната употреба на шеќер може да доведе до зголемување на телесната тежина и појава на дијабетес, а тие да доведат до појава на канцер.
Карциномот е заразна болест
Нема потреба да се избегнуваат луѓето кои имаат дијагноза карцином. Карциномот не е заразна болест и можете да имате контакти со тие луѓе. Всушност вашата поддршка им е најпотребна. Иако карцином не е заразна болест некои заразни вируси може да доведат до појава на карцином. Тука спаѓаат: Хуман папилома вирус (ХПВ) – сексуално пренослива инфек- ција што може да предизвика карцином на грло на матката Хепатитис Б или Ц – овие вируси се пренесуваат преку сек- суален однос или употреба на инфицирани игли и можат да предизвикаат карцином на црн дроб. Разговарајте со ваши- от лекар за начините како да се заштитите себеси од овие вируси.
Карциномот е модерна болест создадена од човекот
Карциномот не е модерна болест, вештачки создадена од западниот свет. Пред илјадници години канцерот е опишан од египетски и грчки лекари, а истражувачите откриле знаци на карцином на 3.000-годишен скелет. Порастот на бројот на заболени со карцином може да се каже дека е последица на модерниот начин на живот.