Намалете го ризикот за мозочен удар

Мозочниот удар е состојба која не може да се предвиди, но постојат начини како да го намалите ризикот од негова појава. Возраста и семејната историја на мозочни удари се она на кое не можете да влијаете а влегува во групата на ризик фактор. Со следењето на препораките од лекарите дури и во состојба кога постои медицинска причина која ве става во категоријата под ризик, можете да направите многу за вашето здравје.

Мозочниот удар е состојба која не може да се предвиди, но постојат начини како да го намалите ризикот од негова појава. Возраста и семејната историја на мозочни удари се она на кое не можете да влијаете а влегува во групата на ризик фактор. Со следењето на препораките од лекарите дури и во состојба кога постои медицинска причина која ве става во категоријата под ризик, можете да направите многу за вашето здравје.

Елиминирајте ги ризиците, започнете со промена на животниот стил

Се смета дека пушењето е број еден ризик фактор за мозочен удар. Доколку пуштите се ставате во ризик вие и вашето семејство како пасивни пушачи. Други промени кои се добредојдени се

Намалување на тежината. Правилен начин на исхрана, со избегнување на премногу мрсна, блага и зачинета храна ќе ви помогне да ја одржувате телесната тежина.

Намалете го внесот на алкохол. Не повеќе од две чаши алкохол за мажи и не повеќе од една чаша за понежниот пол дневно. Алкохолот има и позитивно влијание врз здравјето кога е во ограничени дози. Тоа важи и за мозочниот удар.

Ограничете ја солта. Потрудете да го тргнете соларникот од масата. Посебно треба да внимаваат лицата над 50 годишна возраст, дијабетичарите и лицата со хронична болест.

Вежбајте. Да, работниот стол и креветот се вашите најголеми непријатели кога станува збор за мозочниот удар, како и срцевиот.

Медицински состојби кои ве ставаат под ризик

Постојат голем број состојби кои можат да бидат причина за мозочен удар. Доколку ги ставате под контрола го намалувате ризикот за значителен процент.

Висок крвен притисок. Високите вредности на притисокот значително влијаат во зголемувањето на ризикот за мозочен удар. Особено кај луѓето кои не го контролираат притисокот. Проблемот е во тоа што високиот притисок ги оштетува крвните садови.

Холестерол. Масните наслаги кои се таложат на ѕидот на крвните садови го намалуваат протокот на крв низ артериите. Оваа состојба, позната како атериосклероза може да доведе до прекин на изхраната на мозочното ткиво кое резуклтира со мозочен удар. Пробајте да го намалите со правилен начин на исхрана и вежбање, во спротивно вашиот лекар ќе ви препише терапија за намалување на вредностите.

Атријална фибралација (аритмија). Се смета дека секој петти мозочен удар е предизвикан од атријална фибралација – најчестата срцева аритмија. Дијагностицирањето и третманот на оваа состојба го намалува ризикот од мозочен удар во голем дел.

Дијабетес. Шеќерната болест се смета за еден од главните виновници за појава на мозочен удар. Две третини од лицата со дијабетес добиваат мозочен удар.  Следењето на нивото на шеќер и негова контрола може да го спаси вашиот живот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!