Направете превентивни прегледи

Голем број малигни заболувања не даваат симптоми во почетен стадиум. Најчесто кога симптомите се појавуваат веќе станува збор за канцер во поодминат стадиум. Токму затоа од голема важност се редовните превентивни прегледи кои можат да помогнат во детектирање на одредени промени во ран стадиум на болеста. Навременото откривање на болеста значи поголема шанса за третман и квалитет на животот. Во продолжение следува низа неинванзивни тестови што можат да дадат јасна дијагноза.

Дојки

Не заборавајте да правите редовни самопрегледи. Тоа е првиот чекор со кој рано се откриваат промените во дојките. Секоја жена над 40 години задолжително треба да направи мамографија. Жените над 20 години треба да направат ехо на дојките секои 1 до 3 години (во зависност од семејната историја и факторите на ризик).

Дебело црево

За детекција на промените во дебелото црево се препорачува рутинска  колоноскопија и тест за окултно (скриено) крвавење во фецесот.  Се препорачува мажите над 50 години да направат рутинска колоноскопија.

Простата

Се препорачува кај мажите над 50-годишна возраст да се направи рутински преглед на простата и одредување на вредностите на PSA тумор маркерот. Мажите кои имаат семејна историја на канцер на простата треба да почнат со превентивни прегледи од 45. година.

Кожа

Покрај редовните самопрегледи на кожата и следењето на бенките, се препорачува следење на сите бенки одеднаш и можност за нивна евалуација. Со помош на дерматоскоп се скенираат сите бенки на телото, снимките се зачувуваат дигитално. На следниот преглед се прави споредба со актуелната состојба на бенките.

Грло на матка

Промените на грлото на матката се регистрираат со помош на ПАП тестот. Затоа, потребно е секоја година женската популација да прави ПАП тест и да ја следи состојбата на грлото на матката. Кај жени кај кои се откриени промени или присуство на ХПВ инфекција се препорачува почести ПАП тестови во консултација со гинеколог.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!