Направете здрав избор на храна

Бројни истражувања потенцираат дека здравиот начин на исхрана го намалува ризикот за појава на малигно заболување за 30 до 40 проценти. Одредени намирници влијаат во намалувањето на ризикот од појава на одредени канцери. Внесот на здрава храна, вклучувајќи зеленчук, овошје, житарици, не само што ве заштитуваат од појавата на канцер туку се и главни сојузници во превенција на срцеви болести и дијабетес.

Јадете различни видови зеленчук и овошје

Распоредете ги правилно намирниците и бидете сигурни дека секојдневно го правите најдобриот избор за храна. Наш предлог за мени на денот: појадок – овошје и житарици, ручек – салата со свеж зеленчук, ужинка – овошје, вечера – тестенини од цело зрно со доматен сос.

Намалете го внесот на сол

Внесувањето големи количини  сол го зголемува ризикот за појава на карцином на желудник, а е и еден од главните виновници за покачен крвен притисок.

Одберете храна што содржи мали количини масти и шеќер

Храната и пијалаците што содржат голема количина шеќер и масти доведуваат до зголемена тежина и го зголемуваат ризикот за појава на малигна болест. Затоа, ограничете го внесот на шеќер и масти најмногу што можете.

Контролирајте го внесот на црвено месо и сувомеснати производи

Честото внесување црвено месо го зголемува ризикот од појава на колоректален карцином. Во црвено месо спаѓаат свинското, јагнешко, говедско, месо од елен. Особено штетно е честото конзумирање брза храна – хамбургери, хот дог и сл.

Кажете НЕ на  цигарите и алкохолот

Конзумирањето алкохол е поврзано со канцер на дебелото црево, дојките и црниот дроб. Во комбинација со цигарите го зголемува ризикот за појава на канцер на главата и вратот. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!