Не дозволувајте настинката и грипот да влезат во вашиот дом

Мијте ги рацете

Доколку оваа година имавте настинка или грип, вашите нечисти раце можеби се најголемиот виновник за тоа. Многу вируси се шират на овој начин. Со вашите прсти собирате бактерии, а потоа истите ги ставате во устата и очите.

Решение: Мијте ги добро и често вашите раце со сапун. Ова е главен начин за да се заштитите од настинката и грипот.

Мијте ги рацете

Доколку оваа година имавте настинка или грип, вашите нечисти раце можеби се најголемиот виновник за тоа. Многу вируси се шират на овој начин. Со вашите прсти собирате бактерии, а потоа истите ги ставате во устата и очите.

Решение: Мијте ги добро и често вашите раце со сапун. Ова е главен начин за да се заштитите од настинката и грипот.

Примете вакцина

Многумина грипот го гледаат како минорен проблем, но тој може да биде многу сериозен. Грипот може да биде особено опасен за здравјето на децата, адолесцентите и бремените жени. Една мала вакцина може да ве спаси вас и вашата фамилија. Од друга страна, дека вакцината против грип всушност ви го дава грипот е само мит.

Подгответе се за студената сезона

Пред да почнете со битката со настинката и грипот бидете сигурни дека ги имате потребните средства. Наполнете го вашето медицинско шкафче со лекови за ослободување од болката или деконгестиви. Не заборавајте ги термометарот, марамчињата, сапунот и дезинфекциското средство за раце. Одете во супермаркет и снабдете се со повеќе течности, чаеви од билки, лесна храна и пилешки супи во деновите кога сте настинати.

Обрнете внимание на симптомите

Настинка или грип? Понекогаш и докторите не можат да ги разграничат овие две работи. Најчесто настинката е поблага и е проследена со течење на носот.

Грипот најчесто е поостар и доаѓа одеднаш и е проследен со треска, болки во телото и исцрпеност.

Земете ја вистинската терапија

Постојат безброј лекови против грип и настинка во аптеките. Но, внимавајте кои ќе ги одберете.

Добар избор може да биде комбинацијата од неколку лекови во една таблета, од типот на деконгестивите. Одберете го лекот кој ќе го реши вашиот проблем и не лечете го проблемот кој го немате. Не земајте повеќе од еден лек со иста состојка, читајте ги упатствата и користете ги само лековите кои ви се потребни.

Избегнувајте антибиотици

Настинките и гриповите се предизвикани од вирусите, па антибиотиците нема да помогнат. Тие се користат само кога станува збор за бактериски инфекции. Уште поопасно, користењето антибиотици кога немате потреба го зголемува ризикот од размножување на опасни бактерии кои се отпорни на лековите.

Кога сте болни, останете дома

Кога сте болни, најдобро е да останете дома. Доколку се напрегате самите и работите наместо да одморате додека сте болни, на вашиот организам ќе му треба повеќе време да се справи со вирусот. Настинката може да трае подолго време и вирусот можете да го пренесете на други луѓе.

Затоа, кога сте болни, седете дома, одморајте и заздравете. Подобро е за вас и луѓето околу вас.

Лекување на природна база

Потрудете се да најдете природен начин како да се справите со настинката. Медот може да ви ја ублажи кашлицата. Не давајте им мед на деца помали од 1 година.

Консумирајте храна полна со витамини .

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!