НЕ СРАМЕТЕ СЕ, ОДЕТЕ НА ДОКТОР СЕКОЈА СЕДМА ЖЕНА ИМА ПРОБЛЕМ СО МОКРЕЊЕТО

Жените сè почесто имаат проблем со мокрењето, а во просек секоја седма жена неконтролирано испушта дел од урината при напор – најчесто кашлање, физичка активност, побрзо одење. Иако е сè поприсутен проблем, малку од жените се охрабруваат да го споделат овој проблем , ниту, пак, одат на некаков вид на лекување. Се појавува во кое било време од животот (кај помлади пациентки до 30 години во просек од 4 до 14 проценти), сепак најмногу по шестата деценија од животот или од 12 до 35 проценти. Најчести ризик фактори се стареењето, дебелината, пушењето, породувањата по вагинален пат со плодови со поголема родилна тежина. Сепак, современата медицина, се обидува да најде лек за овој проблем, а во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се прави најсовремен ласерски третман со што во голем процент на успешност или над 80 отсто се решава овој проблем. Чувството не е пријатно, но проблемот може да биде и сериозен ако не се третира.

ПРОБЛЕМОТ ВЛИЈАЕ НА САМОДОВЕРБАТА

„Жените ретко милуваат да зборуваат за тоа, односно на пациентките им треба долго време да признаат. Ова пред сè е социјален проблем, поради тоа што се врзани условно со близина на тоалет, со употреба на влошки. Не можат да додржат и тоа им ги скратува социјализирањето и самодовербата, особено кога се надвор од дома кога се чувствуваат несигурни“, вели д-р Бобан Сарџовски, специјалист по гинекологија и акушерство. Додава дека нема повеќе јасна граница во старосна група кај која најчесто се појавува. Секако дека кај постарите пациентки е тоа почеста појава, но за жал и помладите не се поштедени од оваа состојба. Д-р Сарџовски вели дека многу е важно да се направи детален преглед и соодветна дијагноза за тоа кои пациенти се адекватни за третманот што го воведе Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за употребата на ласерот во третман на поедини состојби поврзани со неконтролираното испуштање на урина. Правилниот избор на пациенти за овој третман е основа за некомпромитирање на методата во третманот за стрес инконтиненција. Покрај успехот во лекување на овoј проблем ласерскиот третман се употребува и кај пациетки со т.н. релаксационен вагинален синдром, атрофија на вагинална слузница заради возраста или по радиотерапија, а во најново време и за решавање на вагиналниот пролапс.

Mногу е важно да се направи детален преглед и соодветна дијагноза за тоа кои пациенти се адекватни за третманот што го воведе Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за употребата на ласерот во третман на поедини состојби поврзани со неконтролираното испуштање на урина.

ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ВАГИНАТА

Ласерскиот третман за „подмладување на вагината“ е тренд во медицината, а се применува во „Аџибадем Систина“. „Во основа ласерското затегнување на вагината, тонизирање или подмладување значи дека се третира вагината, со цел постигнување зголемен еластицитет и тонус. Овој феномен довел до тоа голем дел од пациентките кои оделе на козметски третман за вагина, подоцна да признаат, дека после 2-3 третмани се решил и нивниот „скриен“ проблем со неможност за додржување на урината. Оттогаш е почната таа интензивна промоција на ласерскиот третман во третманот на стрес инконтиненцијата. Ласерот користи енергија што го стимулира колагенот (неоколагеноза) кај жените, односно тоа значи стимулација за ресинтетизирање на нов колаген кој е одговорен за еластицитетот и тонусот односно затегнатоста на вагината. Ова затоа што како животниот век, колагенот, кој е одговорен за еластицитет и тонус на ткивата се намалува. Со самата енергија организмот на некој начин се стимулира да создава колаген сам, да ја зголеми прокрвеноста во тој дел, а со самото тоа да го постигнеме саканиот ефект – вели д-р Сарџовски.

ЕФЕКТИ И ПРЕДНОСТИ

Ласерскиот третман има ефикасен и долготраен ефект.

  • Стимулација на колаген и негово ремоделирање без болка
  • Лесно апликативна и комфорна за пациентките
  • Сигурна процедура
  • Нема анестезија
  • Нема болнички денови (Lunch break procedure- интервеција за време на пауза за ручек)
  • Подобрува вагинална сувост, стрес инконтиненција и тонизирање (подмладување на вагина)
  • Може да се употребува неограничено во зависност од потребата
  • Третманот не е скап, многу е поевтин од кој било оперативен зафат за стрес инконтиненција

ТРЕТМАНОТ ТРАЕ ТРИЕСЕТИНА МИНУТИ

Станува збор за erbium YAG ласерот, кој е еден од најсовремените во денешницава и ни овозможува целосна палета на третман за било која состоја каде што има индикација,, вклучувајќи третман на грло на матка, вагина, вулва, перинеум. Интервенциите се изведуваат амбулантски, без анестезија, без болка, комфорно. Уште се нарекува и „lunch break treatment“. Пациентите претходно се подготвуваат за интервенцијата, се прават ПАП тест, биохемиски иследувања, уринокултура, микробиолошки брисеви од вагина. „Инаку, третманот треба да се прави трипати, односно три сесии од отприлика половина час во интервал од 30 дена. Потоа може да се повтори од 6 до 9 месеци, секако ако има потреба. Според досегашното искуство, во 80 до 85 проценти пациентите изразиле задоволство од ефектот на третманот. Има одличен козметички ефект на зголемување на еластичноста на вагината“, додава докторот. По третманот, пациентката може да има поголем секрет и во првите седум дена не се препорачуваат топли купки и бањи ниту пак, сексуални односи. Потребно е организмот да се адаптира на енергијата што ја добива од ласерот. Во високоразвиените земји, во Италија на пример, има повеќе од 60 центри кои се занимаваат со проспективни студии за придобивките на употребата на ласерот во решавање на гинеколошките проблеми. Таму ова е подигнато на ниво на наука, а не се смета само како козметички пристап.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!