Проблемите поврзани со спиењето се состојби што влијаат на квалитетот на вашиот живот. Голем број здравствени причини можат да ве остават будни во текот на ноќта. Доколку секое утро се будите уморени и ненаспани, посетете го вашиот лекар. Недоволното спиење е сериозен проблем кој претставува закана за вашето здравје и безбедност.
Недоволното спиење може да си го земе данокот во вашиот живот. Истражувањата покажуваат дека луѓето со недоволен сон почесто прават сообраќајни несреќи, не се доволно ефективни на работата, подложни се на повреди и имаат проблеми со меморијата и нарушување на расположението.
Симптоми на недоволен сон
Симптомите варираат во зависност од видот на нарушување на спиењето:
– Прекумерена поспаност во текот на денот
– Проблеми со заспивање или задржување на сонот
– Рчење со кратки паузи во дишењето за време на спиење
Колку спиење ви е потребно?
Потребите за спиење варираат зависно од човек до човек, но, сепак, доенчињата треба да спијат по 16 часа дневно. Тинејџерите 9 часа, возрасните од 7-8 часа.
Кога да побарате помош од доктор?
Побарајте помош од доктор доколку рчите гласно или тешко дишете за време на спиењето, доколку мислите дека лекарствата штоги пиете поради вашата здравствена состојба влијаат врз вашиот сон или ако постојано сте уморени во текот на дневните активности.
Водете дневник
За да знаете колку време спиете водете дневник за спиење во период од две недели. Таму запишете во колку часот одите на спиење, колку долго сте спиеле, колку пати сте се разбудиле, дали сте пиеле алкохол или кофеин во текот на денот и колку, што сте јаделе, дали сте имале стресни ситуации во денот и дали земате лекарства.