Магнезиумот е многу важен минерал и е всушност вториот најзастапен во човековиот организам. Затоа, многу е важно да обрнете внимание на знаците кои укажуваат на дефицит на овој минерал.
Околу 60% од целaта количина магнезиум се наоѓа во коските, 25% во мускулите и остатокот во меките ткива и телесните течности.
Магнезиумот игра улога во активирањето на многу ензими во телото, но и за одржувањето на електронскиот напон на клетките, особено во нервите и во контракцијата и опуштањето на мускулите. Покрај тоа, помага во формирањето на коските и влијае врз здравјето на срцето (контракцијата на срцевиот мускул). Магнезиумот го зголемува растворањето на калциум во урината, а со тоа спречува создавање на камен во бубрегот.
Симптоми на дефицит на магнезиум во организмот:
– Срцеви нарушувања
– Проблеми со кондукцијата на нервите и мускулите
– Грчење на мускулите
– Слаба координација
– Слабост
– Хроничен замор
– Главоболка
– Губење апетит
– Инсомнија
– Зголемена желба за слатки
– Ментална збунетост
– Раздразливост
– Склоност на стрес
Луѓето кои имаат ниски нивоа на магнезиум се склони на инсомнија, губиток на коса, висок крвен притисок, камен во бубрег, срцеви заболувања, па дури и појава на некои видови карциноми. Поради слабиот избор на храна и исхраната на која ѝ недостасуваат природни производи, многу луѓе не внесуваат доволно магнезиум.
Старите луѓе, особено оние кои имаат здравствени проблеми, се поподлежни на дефицит на магнезиум.
Мора да се нагласи дека тестовите за крв не покажуваат дефицит на магнезиум во крвта сѐ додека состојбата не стане алармантна.
Намирниците богати со магнезиум се: алги, леќа, пченични трици, просо, ’рж, ореви, бадеми, кикиритки и многу други.