Неколку факти за малигните болести

Современата медицина, како и употребата на врвната медицинска апаратура овозможуваат рано откривање на малигните болести. Од особена важност за успешно лекување е и раната дијагноза. Токму поради овој факт, раната дијагноза на малигните болести е подеднакво важнa како и самиот метод на лекување.

Современата медицина, како и употребата на врвната медицинска апаратура овозможуваат рано откривање на малигните болести. Од особена важност за успешно лекување е и раната дијагноза. Токму поради овој факт, раната дијагноза на малигните болести е подеднакво важнa како и самиот метод на лекување.

Што е важно за рано дијагностицирање на карциномот?

За рано дијагностицирање на малигните заболувања од особена важност е скринингот. За одредени карциноминема скрининг. Таму каде што е воспоставен скрининг, како карцином на дојка, на грло на матка, дебело црево, простата и малигнен меланом, може во значителен процент да се намали смртноста, бидејќи се овозможува рано откривање на болеста. Важно е и здравственото воспитување на населението, луѓето da имаат основни информации за малигните заболувања и нивното рано откривање и доколку имаат проблем да се јават на лекарски преглед. За жал, има голем број на запуштени карциноми кои можат да се излекуваат и имаат добар процент на преживување доколку рано се откријат. Значи здравствената култура, потоа воспоставување на скринингот, повикување на редовни прегледи од страна на матичните лекари, за поедини ризични групи имаат голема улога за рано откривање.

Колку е важна медицинската технологија во дијагнозата и лекувањето на карциномот?

За раното дијагностицирање на малигните болести од голема важност се и современите дијагностички методи, меѓу кои е ПЕТ скенот. Ние не можеме да влијаеме на појавата на малигните болеституку на раното дијагностицирање, а со тоа и намалување на смртноста. Голем број карциноми откриени во ран стадиум освен хируршки третман не бараат друг третман. Колку е понапреден стадиумот, покомплексен е процесот на лекување и е потребна дополнителна онколошка терапија и радиотерапија. Достапноста на современите онколошки терапии, современи апарати за радиотерапија, значително влијаат на резултатот од лекувањето.

Колкаво е преживувањето кај малигните болести?

Обично кај малигните неоплазми за добро преживување се смета петгодишното преживување, што значи дека пациентот преживеал 5 години по дијагностицирањето и нема знаци на болеста,поради што се смета дека е излекуван. Но, за малигните болести немате никогаш горна граница кога е излекуван пациентот зашто кај одредени карциноми болеста може да се појави и по 10 години.За различни карциноми има различно петгодишно преживување. И тоа е исто така поврзано со стадиумот на болеста. Доколку болеста е откриена во ран стадиум тогаш и преживувањето е поголемо, кај стадиум 3 е помало, а 5-годишното преживување е најмало кога болестае дијагностицирана во стадиум 4. Кај болните со метастатска болест преживувањето може да биде неколку месеци.Сите треба да сфатиме дека малигните болести треба да ги третираме како хронични болести бидејќи болеста може да биде во ремисија,  а потоа повторно да се појави и да бара нов тераписки пристап.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!