Немате потреба да ги броите чашите вода кои треба да ги испиете. Истражувањата покажаа дека луѓето кои посегнуваат по чаша вода кога се жедни ја внесуваат доволната количина вода во денот. Покрај тоа, тука се и супите, зеленчуците, овошјата, чајот, кафето, кои ги надополнуваат течностите кои му се потребни на вашето тело. Кога ќе забележите дека вашата урина има темно жолта боја, кога не одите редовно во тоалет или кога сте премногу активни, треба да пиете повеќе вода.
Едно до две јајца во денот не можат да го зголемат ризикот од појава на срцево заболување. Точно е дека жолчката содржи холестерол, но храната која денес ја купуваме во продавниците може далеку повеќе да го покачи нивото на холестерол. Од друга страна, јајцето има хранливи состојки, како на пример, омега 3 масните киселини кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Без разлика на тоа што „баба ви“ ви велела дека не треба да се задржувате долго време надвор кога е многу студено, тоа нема да ве разболи. Едно истражување докажува дека човекот кој поминува повеќе часови надвор, на температура под нулата, има поголема здрава, антивирусна активност во својот имунолошки систем. Всушност, многу е поголема веројатноста да се разболите во затворена просторија, каде бактериите слободно се движат.
Не грижете се доколку во тоалетот во кафе барот нема навлака за капакот на вц школката. Капаците на тоалетот обично се почисти од кваката, вратата или подот, каде најчесто се наоѓаат бактериите од типот на ешерихија коли. Земете хартија кога ја фаќате кваката на вратата и не заборавајте да ги измиете рацете со сапун или да употребите дезифициенс за раце.
Освен тоа што звукот на пукањето на прстите на рацете на некого може да му пречи, други несакани ефекти не постојат. Досега мислевте дека овој звук е резултат на триењето помеѓу коските и зглобовите, не е така. Станува збор за меур кој се формира меѓу коските и тетивите. Доколку уживате во звукот на „пукањето“ продолжете да го правите тоа. Истражувањата докажаа дека оваа состојба не треба да се поврзува со артритис.