Неколку совети за вежбање во затворена просторија

Временските услови не секогаш дозволуваат вежбање во природа, па понекогаш вежбањето во затворена просторија е единствена опција. Но, тоа не треба да ве обесхрабри.

Еве неколку идеи кои ќе ви го направат тренингот во затворена просторија поинтересен:

Временските услови не секогаш дозволуваат вежбање во природа, па понекогаш вежбањето во затворена просторија е единствена опција. Но, тоа не треба да ве обесхрабри.

Еве неколку идеи кои ќе ви го направат тренингот во затворена просторија поинтересен:

Вежбањето на отворено можеби за многумина е поинтересно, но не може секогаш да се практикува. Кога времето станува студено не значи дека треба да престанете со вежбање. Бидете активни во текот на целата година.

–          Вежбајте дома пред ДВД или телевизиска програма. Многу кабловски телевизии денеска нудат канали за вежбање со одлични фитнес програми.

–          Пешачете низ вашиот локален трговски центар. Трговските центри отвораат рано, па зошто не би прошетале?

–          Ставете слушалки, слушајте музика и играјте во дневната соба. Уште подобро, запишете се на часови по танцување од типот на салса, хип хоп, зумба итн.

–          Пробајте некоја нова техника во вашата вежбалница, како на пример, пилатес, кик бокс, кревање тегови, јога итн.

–          Пливајте, трчајте на лента, возете статичен велосипед, играјте пинг понг. Повремено наградувајте се себеси со неколкуминутна сауна.

Не заборавајте дека секој напор кој ќе го направите со цел да бидете поактивни ќе ве однесе чекор поблиску до посреќен и поздрав начин на живот. Можеби вежбањето во затворена просторија не е секогаш интересно, но постојано стремете се да ја намалите вашата телесна тежина, така ќе ја вратите и мотивацијата. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!