Премногу туширање не е здраво
Дерматолозите предупредуваат дека капењето минимум двапати во денот, дури и со обична вода не е здраво за вашата кожа. На тој начин го отстранувате природното масло кое на кожата ѝ служи како заштита.
Косата не смее да се мие секој ден
Луѓето со помасна коса се склони на постојано миење на косата со цел да ѝ дадат поголем сјај и чист изглед. Сепак, дерматолозите не препорачуваат често миење на косата бидејќи со тоа таа станува сѐ послаба. Покрај тоа, повеќето од модерните шампони за миење коса се преполни со хемикалии кои дополнително ѝ штетат на вашата коса и не се препорачливи за секојдневно миење. Доколку ја миете вашата коса секој ден, одберете шампон без парабен и силикон.
Чистењето заби со конец е добра навика
Дури 30% од луѓето редовно ги чистат забите со конец. На овој начин темелно се чистат забите и се отстрануваат остатоците од храната кои четката не може да ги дофати. Доколку редовно користите конец го намалувате ризикот од појава на кариес или забен камен, а со тоа и другите заболувања на забите и непцата.
Не откорнувајте ги влакната во носот
Влакна во носот имаат сите. Кај некои луѓе тие се потемни, поизразени и подолги, кај други пократки. Како и да е, тие во ниту еден случај не смеат да се вадат од нивниот корен, односно да се откорнуваат. На тој начин влакното се одделува од фоликулот, а со тоа се зголемува ризикот од инфекции бидејќи бактериите полесно можат да влезат во крвотокот. За таа цел, користете мали тапи ножички.
Не претерувајте со парфемот
Исто како дезодорансите, така и прекумерното прскање со парфем може да ѝ наштети на кожата. Не претерувајте со парфемот, пред сѐ бидејќи ќе им пречите на луѓето околу вас па дури и на самите себеси. Покрај тоа, штетно е за вашата кожа. Колку повеќе хемикалии се наоѓаат на вашата кожа тоа се поголеми ризиците од алергии и иритации. Оние, пак, со осетлива кожа, воопшто не смеат да користат парфеми.