Нерегулиран крвен притисок

Современиот начин на живот наметна секој човек барем еднаш во животот да се соочи со состојбата на нерегулиран крвен притисок. Без оглед дали станува збор за висок или низок крвен притисок, состојбата не треба да се занемарува туку да се консултира лекар.Кога крвниот притисок е превисок може да предизвика оштетување на крвните садови. Eднакво опасна состој­ба е и нискиот притисок, кога недоволна количина крв доаѓа до органите. Крвниот притисок може да варира во краток временски период во одредени вредности, а варијацијата зависи од положбата на телото, бројот на вдишувања и издишувања, физичката активност, психичкиот замор, стресот. Кога се мери крвниот притисок всушност мериме две вредности, систола – притисокот кој го генерира срцето кога ја испумпува крвта во крвните садови и дијастола – притисокот во крвните садови меѓу две срцеви отчукувања. 

Нормалната вредност на крв­ниот притисок според препораките е 120 со 80 мм живин столб. Д-р Златана Петковска, специјалист по интерна медицина од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, советува како да го ставите под контрола притисокот и како да си помогнете.

Хипертензија и хипотензија

Артериска хипертензија значи пока­ чување на крвниот притисок во крвните садови на систематскиот крвоток, односно состојба кога имаме трајно покачување на систола повеќе од 140 и/или дијастола повеќе од 90 мм живин столб, двете вредности во тек на мирување. Еднаш измерена вредност на покачен крвен притисок не значи артериска хипертензија туку потреба од дополнителни испитувања. Хипертензијата најчесто е асимптоматска, се открива како случаен наод во тек на превентивни прегледи, а исклучок се пациентите кои се жалат на главоболка, зуење во уши, црвенило на лице, потреба за воздух, крвавење од носот. Најчесто зафатени органи со компликации од хипертензија се очите, бубрезите и срцето. Хипотензија претставува низок крвен притисок со вредности пониски од 100 со 60 мм живин столб, измерен повеќе пати во амбулантски услови со постоење на симптоми. Најчести се замор, изнемоштеност, вртоглавица, несвестица, ко­ лапс или губиток на свеста.

Ризик-фактори

Основен ризик-фактор за хипертензија е генетската предиспозиција, односно наследниот фактор, а потоа доаѓа возраста. Постои поврзаност и со полот, мажите пројавуваат зголемен притисок околу 45-тата година, а жените околу 60-тата година. Други ризик-фактори се недоволната физичка активност, зголемената те­лесна тежина, нервозата, географското подрачје и исхраната (внесот на сол).

Консултација со лекар

Кога ќе појдете на преглед неопходно е да ги споделите симптомите кои ги чувствувате, да кажете дали некој во семејството има проблеми со крвниот притисок, дали земате лекарства или сте пушач, типот на храна која ја преферирате. Доколку земате терапи­ ја, не ја прекинувајте пред да се оди на преглед за да лекарот има реален увид. По разговорот треба да се направи физикален преглед, да се измери притисокот на двете раце, лаборато­ риски анализи. Во зависност од состојбата на пациентот се поставува индикација од потребата да се направи и ЕКГ, ехокардиографија, ехо на стомак, коронарен стрес-тест. Информации за дневно-ноќниот ритам на крвниот притисок кај пациентите може да добиеме со поставување на апарат за 24-часовно мониторирање на крв­ ниот притисок.

Лекување

Третманот на хипертензија е индивидуален кон секој пациент. Во основа се препорачува промена во стилот на живот, диета со намалување на телесната тежина, намален внес на сол во исхраната, зголемување на физичката активност. Ако овие промени не ја подобрат состојбата се дава антихипертензивна терапија. За луѓето со хипотензија целта е да се покачи вредноста на крвниот притисок и да се редуцираат симптомите, се препорачува зголемен внес на течности, сол во исхраната, физичка активност, а во исклучителни случаи медикаментозна терапија. 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!