Низок крвен притисок

Не ретко се случува чувството на замор, општа слабост, исцрпеност, па дури и вртоглавица да не бидат резултат на некоја инфекција или претеран физички и психички напор. Ако ги почувствувате овие симптоми тогаш е време да го измерите крвниот притисок. Доколку вредностите на крвниот притисок кај жената се под 100/60 mmHg, а кај мажите под 110/60mmHg, станува збор за низок крвен притисок, кој не е алармантен, но знае да биде многу досаден. Замислете го чувството на немоќ и желбата за спиење во моментите кога треба да одржите битен состанок или да решите некоја сериозна ситуација. За луѓето кои имаат низок крвен притисок постои мислење дека подолго живеат, но страдаат од следниве симптоми.

–          Осетливост на временски промени
–          Чувство на постојан замор и поспаност
–          Ладни раце и нозе
–          Чувство на вртоглавица
–          Зуење во ушите
–          Притисок во главата

Еве неколку од советите за тоа како да се справувате со нискиот крвен притисок и како да си помогнете себеси.

–          Подобрете ја циркулацијата и метаболизмот на кожата со лесна масажа со четка од природни влакна.
–          Употребувајте ладни купки кои го подобруваат крвотокот (еукалиптус, рузмарин, борови игли)
–          Правете вежби со рацете (вртете ги во круг) непосредно пред да станете од спиење, за да немате вртоглавица кога ќе станете.
–          Редовно вежбајте
–          Шетајте на свеж воздух
–          Пливајте
–          Јадете калорична храна, но оброците поделете ги во повеќе помали
–          Пијте доста течности
–          Дозволени се кофеински напитоци, но без претерување
–          Посебно се препорачуваат: месо, млеко, јајца, брокула, грав, соја, авокадо, банани и сончоглед
–          Не се препорачуваат лук, рен, магдонос, целер и коприва

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!