Од поленски алергии страдаат сè помали деца

„Доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот. Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код“, вели проф. д-р Гордана Маческа-Баџакова, педијатар-пулмоалерголог.

Како што се менува вегетацијата, така се менуваат и предизвикувачите на поленски тешкотии. Со првите денови на пролетта доминантни вдишувачки алергени што се присутни во нашата надворешна средина се поленот од леска, евла, бреза и кипарис. „Април-мај ќе биде период на зголемена концентрација на полен од брест, јасен, даб и бел и црн габер. Во периодот од средина на мај до крај на септември тешкотиите ќе бидат резултат на присутни поленови честички во воздухот – на полен од треви, полен на амбросија, како и полен на плевел (троскот), алтернаријара и мувли“- објаснува проф. д-р Гордана Маческа-Баџакова.

Епидемија на алергиски болести

Пулмоалерголозите објаснуваат дека, за жал, не се справуваме само со присутните алергени во воздухот што го дишеме. Јачината и несаканата зголемена потентност на вдишувачките алергени е потпомогната и од високата аерозагаденост, особено присутна висока концентрација на киселите радикали од типот на азотните, сулфурните, озонските честички, бензоатите и слични на нив, кои вршат голема лезија на респираторната лигавица, ја зголемуваат моќта на присутните алергени и воедно овозможува аероалергените да поседуваат поголема пенетратна моќ, и како резултат следува поголем број индивидуи да имаат алергиски тешкотии и појака клиничка слика, која не се смирува толку лесно со пропишаната терапија.

Се помали деца имаат проблеми со дишење

Една особеност за општата популација на територијата на нашата држава во последните десетина години е намалување на возрасната граница кај децата за почнување со респираторни тешкотии провоцирани од присутноста на полен во воздухот. Поточно, доколку пред десетина години поленските алергени беа носечки по осмата или деветтата година на животот, последните години тие се тригер-фактори за страдања и кај деца на возраст околу четвртата година на животот. Основна особеност дали една индивидуа ќе има тешкотии или не лежи во нејзиниот генетски код.

Упорност во третманот на алергии

Третманот бара упорност, подолго користење на пропишаните лекови од педијатар, пулмо-алерголог, редовно земање на терапијата и придржување до практичните мерки: пократок престој на отворено меѓу 12-13 и 20 часот (активностите да се изведуваат рано наутро или доцна навечер), миење на телото – туширање со чиста вода (секојдневно користејќи шампони за високосензитивни индивидуи), како и носење капа и очила, затворање на прозорците од автомобилите додека се возиме и затворање на вратите и прозорците од нашите домови во период на ветровити часови од денот.

Кои се симптомите?

Најчести клинички тешкотии се на лигавицата на носот и се пројавуваат како алергиски ринитис – бистра, воденеста носна секреција, чешање на носот, кивање во салви и носна оптурираност. „Тешкотиите се особено присутни кога лицата престојуваат на отворено, во ветровити денови, како и по пролетни и летни дождови. По 9-10 година на животот, следуваат тешкотии од очната лигавица – чешање и боцкање во очите, солзење и црвенило кое се надоврзува, најчесто на проблемите од алергискиот ринитис. Кај одредени индивидуи, не толку ретко, може да проследат и тешкотии од типот на отежнато и свиркаво дишење, кашлица со глад за воздух, а кај некои, поретко, и засипнатост на гласот“-објаснува д-р Баџакова.

Најсовремени prick тестови за детекција на алергија

Во лабораторијата на „Аџибадем Систина“ достапен е широк спектар на тестови за детекција на алергии кај деца. Prick тестовите се користат во дијагностика на алергиските реакциии на алергени од воздухот и алергени од храна, како и симптоми на алергиски болести. Најсовремените prick тестови се изведуваат на автоматизирани биохемиски анализатори кои овозможуваат висока прецизност и точност во резултатите кои упатуваат на причинителот за алергија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!