Масната болест на црниот дроб е предизвикана од зголемена акумулација на масти. Оваа состојба може да доведе до сериозни оштетувања на црниот дроб – црно дроб на цироза. Стеатозата на црниот дроб е многу честа состојба. Застапеноста на оваа состојба варира од 10-24% во различни области во светот. Кај угоени личности е застапен во 75%. Поголемиот број пациенти со масна болест на црниот дроб немаат никакви симптоми и таа состојба не го оштетува црниот дроб. Најраната фаза на оваа болест се нарекува масен црн дроб или стеатоза.
Од стеатоза до сериозни нарушувања на црниот дроб
Стеатозата на црниот дроб е многу честа состојба. Застапеноста на оваа состојба варира од 10-24% во различни области во светот. Кај угоени личности е застапена во 75%. Тоа што стеатозата на црниот дроб најчесто е безопасна, не значи дека не треба да се има сериозен пристап при лекувањето на истата.
• Оваа состојба може да доведе до сериозни оштетувања на црниот дроб – црнодробна цироза
• Црнодробната стеатоза и поврзаноста со покачена телесна тежина и угоеност е ризик фактор за појава на мозочни удари, инфаркт на срце, зголемува ризик од појава на одредени типови на воспаление на панкреасот.
Масната болест на црниот дроб најчесто се дијагностицира преку крвна анализа на црнодробните ензими (АЛТ, АСТ) и ултразвучен преглед на црниот дроб.
Фази на болеста
Фаза 1. Стеатоза или обична замастеност на црниот дроб
Оваа состојба е прва фаза од болеста и најчесто е безопасна. Нема симптоми и се открива случајно при ултразвучен преглед, а стомачните органи или со крвна анализа на црнодробните ензими.
Фаза 2. Алкохолен стеатохепатитис, неалкохолен стеатохепатитис (НАСХ)
Мал број од пациентите преоѓаат во втора фаза на болеста. Во оваа фаза од болеста има воспаление во црниот дроб и одреден степен на оштета на црнодробните клетки. Пациентите во оваа група може да имаат симптоми во облик на нелагодност или болка под десен ребрен лак.
Фаза 3. Фиброза
Одреден број пациенти со стеатохепатитис имаат потежок облик на болеста и развиваат црнодробна фиброза, која е резултат на подолготрајно воспаление во црниот дроб, што резултира во замена на нормалното ткиво во црниот дроб со сврзно ткиво. Сврзното или фиброзно ткиво заменува дел од нормалниот црн дроб, но се уште не функционира нормално.
Фаза 4. Црнодробна цироза
Во најтешкиот облик, во црниот дроб се создаваат мостови од сврзно ткиво (лузни). Црниот дроб се намалува, стврднува – оваа состојба се нарекува цироза на црниот дроб. Цирозата на црниот дроб најчесто се развива по долготрајна воспалителна болест, најчесто во 50-60 годишна возраст. Оваа состојба е дефинитивна и црниот дроб не може никогаш да функционира како здрав орган. Цирозата напредува бавно, повеќе години и на крај може да доведе до развиток на малигна болест или карцином на црниот дроб или до комплетно откажување на црниот дроб.
Црниот дроб има важна улога во метаболизмот извршувајќи многу функции меѓу кои и детоксификација, одложување на гликогенот и произведување на белковини во крвта. Црниот дроб, исто така, ја произведува жолчката која е неопходна за разградување на мастите. Масната болест на црниот дроб (ФЛД) е раверзибилно заболување, предизвикано од зголемена акумулација на масти – триглицериди – во црниот дроб. Постојат два облика на оваа болест:
• Алкохолна масна болест на црниот дроб (АФЛД)
• Неалкохолна масна болест на црниот дроб (НАФЛД)
Алкохолна и неалкохолна болест на црн дроб
Тешко е да се направи разлика меѓу овие два ентитета бидејќи и во двете состојби има акумулирање на масти (триглицериди) во клетките на црниот дроб. Алкохолниот облик е резултат на поголема консумација на алкохол. Неалкохолна масна болест на црниот дроб е заболување најчесто присутно кај угоени и лица со покачена телесна тежина. Здравиот црн дроб содржи мала количина или воопшто нема масти. дроб, но сè уште има доволно здраво ткиво за црниот дроб да функционира нормално.
Која група пациенти е со зголемен ризик за развиток на масна болест на црниот дроб?
• Угоени и пациен
ти со покачена телесна тежина
• Консументи на поголеми количини алкохол (повеќе од 30 мл на ден)
• Пациенти со шеќерна болест (тип 2 диабетес мелитус)
• Консумирање на одредени лекови
• Возраст над 50 години
• Покачени вредности на масти во крвта, посебно триглицериди
• Нагол губиток на телесна тежина, операции каде има отстранување на дел тенко или дебело црево, воспалителни заболувања на црево, вирусен хепатитис
Превенција и лекување
Повеќето пациенти немаат никакви симптоми и се во првата фаза од болеста – стеатоза. Оваа состојба може да се подобри или комплетно да се излекува со повеќе мерки:
• Губиток на телесна тежина
• Зголемена физичка активност