Опасноста од депилирање на интимната зона

Депилацијата на интимните делови понекогаш носи одредени ризици за кои морате да бидете свесни. Имено, на овој начин доаѓа до иритирање на кожата која на овие делови и така е осетлива, па се зголемува ризикот од појава на инфекции и пренесување на полови заболувања. 

Запомнете, влакната на телото имаат своја функција. Тие ја штитат кожата од разни повреди, бактерии и инфекции, посебно во летниот период кога интимната регија ја покриваат шорцевите и костимите за капење. Поради тоа, кога во текот на летото ќе ги отстраните овие влакна, кожата останува незаштитена и на неа се јавуваат ситни отвори како резултат на зачестените инфекции.

Постојат неколку работи кои не смеете да ги заборавите кога ги отстранувате овие влакна:

1. Депилирањето изведете го во салони во кои имате доверба и сигурни сте дека користат специјален восок за интимната регија.
2. Прескокнете сексуален однос непосредно по отстранувањето на влакната.
3. Носете исклучиво памучна долна облека по депилацијата.
4. Не се изложувајте на сонце веднаш по депилацијата

Доколку сакате да се справите со оваа досадна навика, но и со опасностите кои ве демнат од депилацијата, решение можете да побарате во ласерската епилација. Со современите методи и ласери се уништуваат фоликулите на влакната лесно, едноставно и безболно. Ласерската епилација се изведува на безбеден начин, а успешни резултати се добиваат со 6 сесии.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!