Останете здрави и во зима

Превенцијата е најдобрата стратегија во студените зимски денови. Во зима треба да преземете конкретни чекори за да ја зголемите енергијата и да ги избегнете болестите. Основни совети за да ја преживеете зимата се: здрава исхрана со многу витамини, многу движење, да избегнувате затворени простории со многу луѓе и редовна хигиена. Ве советуваме како во 8 чекори да останете здрави и да уживате во благодетите на зимата.

Превенцијата е најдобрата стратегија во студените зимски денови. Во зима треба да преземете конкретни чекори за да ја зголемите енергијата и да ги избегнете болестите. Основни совети за да ја преживеете зимата се: здрава исхрана со многу витамини, многу движење, да избегнувате затворени простории со многу луѓе и редовна хигиена. Ве советуваме како во 8 чекори да останете здрави и да уживате во благодетите на зимата.

 1. Витамин Ц

Овој витамин има значајна улога во отпорноста на организмот и е моќен антиоксиданс. Го зголемува создавањето бели крвни клетки кои се борат против инфекции, но и нивото на интерферон. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го зголемува нивото на HDL добриот холестерол, а го намалува нивото на LDL холестерол. Бидејќи не се акумулира во организмот, мора секојдневно да се внесува. Можете да го најдете во сите цитрусни овошја кои ви се достапни во текот на зимата.

 2. Вода

Иако во зима не чувствуваме жед, тоа не значи дека на нашето тело не му е потребна вода. Пијте доволно вода и во зима за да им овозможите на вашите телесни функции да работат добро. Не дозволувајте студеното време да ги намали вашите потреби за вода.

 3. Вежбање

За многумина зимските месеци се симбол на хибернација бидејќи не е секогаш лесно да бидете активни на снег и мраз. Сепак, треба да најдете начин како да излезете надвор. Редовното вежбање ќе ви овозможи да останете витки и здрави во текот на цела година, а ќе ви ги намали деновите за боледување. Одржувајте ја вашата дневна рутина со цел да одржите здраво тело и силен имунолошки систем.

 4. Прошетки

Прошетките на снег и студ, можеби ви е чудно, но одат во прилог на вашето здравје. Тоа е ефикасен и здрав начин да излезете од хибернација и да дишете свеж воздух. Освен по здравјето, ефекти ќе имате и на из гледот. Во зима вашето телото троши повеќе калории за да ве стопли. Но не заборавајте да облечете повеќеслојна облека.

 5. Сон

Телото станува ранливо на болести доколку не добие 6-8 часа сон дневно. Вашиот имунолошки систем влијае на вашето расположение, кое е директно поврзано со одморот. Затоа спијте доволно и бидете релаксирани бидејќи освен што ќе се чувствувате добро, ќе се заштитите од болести.

 6. Хидратација

Кожата е особено осетлива во зима. Затоа ѝ е потребна посебна нега. Ракавиците на рацете и капа на главата и шал околу вратот се прилично добар начин да се заштитиме кога температурите ќе паднат под нулата. Задолжително треба да се нанесуваат неутрални креми кои ќе ја негуваат испуканата и оштетена кожа. Доколку престојувате на поголеми височини, задолжително треба да користите креми со висок заштитен фактор за да се заштитите од силното сонце.

 7. Исхрана

Исхраната со добро балансирана храна е од посебно значење за да останете здрави во зима. Консумирајте редовно овошје, зеленчук, ореви, житарици и посно месо за вашето тело да ги добие основните хранливи материи. Сите менија треба да содржат растителни влакна богати со јаглехидрати, свеж зеленчук, протеини и есенцијални масни киселини.

 8. Облека

Температурите паднаа, тоа значи дека треба да се облечете соодветно за да му обезбедите топлина на вашето тело. Доколку се облечете добро, особено на планинските места, ќе го заштитете вашето тело од хипотермија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!