Откријте ги сигналите на вашето тело

Брзиот живот, лошите животни навики, меѓу кои и брзата храна, можат да доведат до недостиг на витамини и минерали кои му се неопходни на вашето тело за нормално да функционира. Доколку му недостасува нешто, вашето тело ви испраќа аларм. Треба да бидете информирани и да ги препознаете симптомите. Во прилог ве советуваме како лесно да ги прочитате знаците што ви ги испраќа телото. Запомнете, за секој ваш проблем треба да се консултирате и со вашиот лекар.

sistina

РАЦЕ:

Студени раце може да се знак за недостиг на магнезиум, хипотироидизам или хроничен замор.

КОЖА:

Стрии – недостиг на цинк

Спонтани крвавења – недостиг на витамин Ц или К и тромбоцити.

Сува кожа која се перути – витамин Ц

Пожолтени дланки – зголемен внес на бета каротен

Нафрлана и рапава кожа на задниот дел на раката, над лакотот – недостиг на есенцијална масна киселина

НОЗЕ:

Слаб мускул од задната страна на ногата под коленото – недостиг на магнезиум

Брзи рефлекси на коленото – недостиг на магнезиум

СРЦЕ:

Нерегуларно отчукување, висок крвен притисок – недостиг на магнезиум сo Q10 или осетливост на кофеин

ГРЛО:

Отекување на тироидната жлезда – недостиг на јод, хипотироидизам

НОКТИ:

Бели точки – недостиг на минерали, најчесто на цинк

Рапави нокти – недостиг на цинк

Меки и кршливи нокти – недостиг на магнезиум

Грицкани нокти – недостиг на минерали

КОЖА НА ЛИЦЕТО:

Масна, црвена и рапава кожа на лицето и на страните од носот – недостаток на витамин Б

Себороичен дерматитис околу носот – недостаток на витамин Б

ОЧИ:

Катаракта – недостиг на хром или вишок на слободни радикали

Подочници или темни кругови под очите – алергии или нетолеранција на одредена храна

УСТА:

Блед и распукан и чувствителен јазик – недостиг на железо

Болка на јазикот и распукан јазик – недостиг на витамин Б3

Печење на јазикот и лупење на усните – недостиг на витамин Б2

Отечен јазик – нетолерантност на некоја храна

Испукани усни – недостиг на витамин Б2

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!