ПЕТ-центарот во „Аџибадем Систина“ е зрак надеж за болните од рак

Овој ПЕТ-центар е единствен во Македонија и во регионот и дава врвна грижа по строги светски стандарди. ПЕТ/КТ е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, се планираат радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Пред три години имаше 200 пациенти, сега има 1.000 пациенти.

Овој ПЕТ-центар е единствен во Македонија и во регионот и дава врвна грижа по строги светски стандарди. ПЕТ/КТ е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, се планираат радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Пред три години имаше 200 пациенти, сега има 1.000 пациенти.

Очајот што во прв момент го обзема секој што ќе ја чуе најстрашната дијагноза на денешницата – рак кај себе или кај близок, може да биде помал доколку се знае дека болниот од канцер и во Македонија може да добие грижа според светски стандарди, и тоа во сите фази од првиот момент кога ќе се открие болеста, па натаму. Дека и во тешките моменти има надеж, која ја нуди најсовремената медицина, бројките покажуваат подобро од зборовите – за три години петпати се зголемил бројот на пациенти во ПЕТ-центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, единствениот ваков центар во Македонија и во регионот. Ако по отворањето во 2014 година имаше 200 пациенти, сега има 1.000 задоволни пациенти.

ПЕТ/КТ, всушност, е најефикасна техника за снимање која се користи за поставување дијагноза, за одредување на стадиумот на болеста, се проценуваат ефектите од терапијата на канцер, се планираат радиотерапија и хемотерапија кај повеќето карциноми. Техниката на снимање се состои од комбинација на позитрон емисиона томографија (која овозможува приказ на промените во ткивата и органите од телото на човекот на метаболно ниво) и компјутерска томографија (која обезбедува детални анатомски информaции).

 

– ПЕТ-центарот беше наша најголема придобивка од отворањето на болницата. Ако до пред три години македонските пациенти требаше да патуваат во странство, сега најсовремена услуга имаат и тука. Да не заборавиме дека зборуваме за најтешко болни пациенти, за кои патувањето е многу тешко – вели д-р Лилјана Муратовска, специјалист по нуклеарна медицина во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

ПЕТ/КТ се применува и во кардиологијата и во неврологијата, но е главна дијагностика особено во онкологијата.

– Ние и досега го следевме ефектот од терапијата, не беше потешко да се утврди дали туморот е активен или не е. Сега, многу јасно се следи „животот“ на туморското ткиво. Во светот, овој апарат во 45 отсто случаи го менува третманот на пациентот од аспект на терапија. Придобивка имаат и нашите лекари, кои се едуцираат, ја гледаат предноста на овој апарат, гледаат колку брзо добиваат резултати – вели д-р Муратовска.

Дијагнозата е брза, медицинскиот извештај од ПЕТ-скенот се добива во период од 24 часа до 48 часа по снимањето. Предноста е во тоа што апаратот е „две во едно“, изворот на зрачење е надворешен, пациентот не се поместува, а целото снимање е многу кратко, односно трае не повеќе од 20-30 минути.

 

Со помош на ПЕТ/КТ се одредува и точната локација на канцерогени клетки со големина и до 5 мм. Се одредува и дали болеста е проширена и на другите органи, односно дали постојат метастази. Досегашните техники на снимање не ги дијагностицираа метастазите со мали димензии во рана фаза. Со помош на ПЕТ/КТ може навреме да се дијагностицираат и што поскоро да се почне со третман.

ПЕТ/КТ-скенот е сигурен за пациентите. Може да се примени и кај деца и кај возрасни пациенти, кај пациенти со импланти и вештачки протези, како и кај пациенти со дијабетес. Д-р Муратовска за овие три години снимала и деца помали од десет години, но и возрасни лица на околу 90-годишна возраст.

Поради низата предности на техниката на снимање, во ПЕТ-центарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има многу пациенти од Србија, од Албанија, од Косово, доаѓале и државјани на САД…

Со отворањето на ПЕТ-центарот, Центарот за онкологија и радиотерапија и инвестицијата во моќниот акцелератор „TRILOGY“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го заокружи целокупниот третман на пациентите со малигни болести. Врвниот медицински тим, нај
современата медицинска опрема и светските стандарди на лекување ја поставија „Аџибадем Систина“ како регионален центар за дијагноза и третман на пациентите со малигни болести.

 Текст и фотографија извор – telegraf.mk

 

 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!