Пет грешки на родителите во воспитувањето на малите деца

Родителството бара трпение, љубов и време. Родителите треба да знаат дека за да променат што било потребно е време. Честопати, однесувањето на вашето мало дете ве прави нервозни и беспомошни. Иако се толку мали, децата сакаат доза независност, но од друга страна имаат голема потреба од љубов и внимание од родителите. Периодот од 3 до 5 години е најактивен и фрустрирачки во однос на родителството. И покрај тоа што се трудите да го дадете најдоброто од себе во однос на чување и воспитување, сигурно ќе се пронајдете барем во една од посочените грешки кои ги правиме свесно или несвесно:

Бегање од рутините

Не менувајте ги често ставовите околу една иста работа. Ако еднаш сте му дозволиле на детето да направи некоја постапка, а следниот пат му ја забранувате, децата на тоа ќе реагираат збунувачки. Бидете доследни на вашата одлука, без разлика дали станува збор за воспитување, спиење, хранење …

Се фокусирате само на негативните работи

Родителите имаат тенденција да се фокусираат на тоа што не сакаат нивните деца да го прават, па затоа најчесто викаат по нив кога ќе погрешат. Забележувајте ги добрите постапки и навики на детето, реагирајте на нив и наградете го. За нив премногу значи и едно браво.

Му давате премногу активности

Родителите честопати ги вклучуваат децата во низа активности: танц, свирење и сл. По напорниот ден, се прашуваат зошто детето не може веднаш да заспие и покрај толку дневни активности.

Тоа е затоа што сите тие активности, посебно преминувањето од една во друга активност за децата е исцрпувачка. Затоа, распределете го времето на вашето дете и не наметнувајте му премногу обврски додека е сè уште мало.

Ја потценувате важноста на играњето

Многу родители ги запишуваат деца во развојни програми за да го збогатат своето знаење и подобро да се развијат. Но, всушност, во овој период најважен дел за развивање на децата се одвива преку слободна игра. Дозволете им на децата да си играат и да го прават тоа што нив најмногу ги исполнува и прави среќни.

Реагирате на нивните лаги

Децата во својот развој минуваат низ многу периоди. Еден од овие периоди е кажувањето лаги. Сфатете го како нормален дел од развојот, и не реагирајте бурно доколку гледате дека детето ви зборува лаги. Тие се резултат на развојот на неговата фантазија.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!