Стравот од петок 13
Дали се плашите од денот петок 13? Доколку одговорите со „да“, знајте дека не сте единствени.Експертите велат дека повеќе од 20 милиони луѓе се плашат од овој таканаречен несреќен ден. Психолозите, пак, велат дека луѓето често се обидуваат, на секаков начин, да го избегнат овој ден.
Луѓето се служат со разни „техники“ со цел да го заобиколат петок 13. На овој ден тие не одат на работа, не трошат пари, не донесуваат големи одлуки, не купуваат куќи, не стапуваат во бракови, не одат да јадат во ресторани. Па, сето тоа, ако ништо друго, резултира со пад на светската економија на дневно ниво. Последната статистика направена врз американската популација вели дека петок 13 ги чини од 800 до 900 милиони долари.
Самиот број 13 луѓето го сметаат за несреќен, а тоа се одразува во културите на многу држави. Многу хотели и станбени згради немаат 13 кат. Докторите велат дека соочувањето на стравот со петок 13 кај некои луѓе може да биде клучно во споредбата со тоа како истите се соочуваат со другите секојдневни стресни ситуации.
Веројатно е овие луѓе да се малку поанксиозни отколку просечните луѓе. Исто така, оваа состојба може да ни го објасни фактот што точно тие прават кога се анксиозни. Се смета дека луѓето кои се загрижени во очекувањето на еден ден како што е петок 13 или број како што е 13, можат да бидат анксиозни во врска со многу работи кои секојдневно ги опкружуваат. Докторите велат дека тие постојано ќе се обидуваат да ги заобиколуваат сите работи кои тие сметаат дека ги прават анксиозни.
Од друга страна, пак, постојат и луѓе за кои петок 13 претставува среќен ден, а 13 среќен број. Сеедно, како и да е, потрудете повеќе да верувате во себе отколку во суеверија.