Потребни состојки:
-150g ориз
-2 краставици
-Неколку парчиња сирење (по желба)
-2 пиперки
-1 црвен кромид
-Јаболков или вински оцет
-Маслиново масло
-Лук и магдонос (исечкани ситно, по вкус)
-Коријандер во прав (по вкус)
-Сол и црвен пипер (по вкус)
Начин на подготовка:
Сварете го оризот и исплакнете го под ладен млаз вода, и добро исцедете го. Исечкајте ги сирењето и зеленчукот. Сè заедно помешајте, зачинете и ставете ја салатата да отстои на ладно место. Пред да се сервира да се додаде сечканиот лук и магдонос.