Како пилатесот може да ми помогне во бременоста

,,Вежбање? Сега  кога сум бремена? Мора да се шегуваш!!! Ова е време  во мојот живот кога можам да јадат колку што сакам и да не се грижам како изгледам!,, Нема ништо  лошо во оваа  изјава, но сигурно постои простор за нешто поинакво.
Може ќе ве изненади фактот дека пилатесот е една од најпогодните активности за време на бременоста. Размислите за тоа: Пилатесот работи преку зајакнување на централното јадро на телото, каде стомачните мускули работат во синергија со грбот и карлицата. За време на бременоста со пилатесот ќе се чувствувате поудобно, ќе го скратите вашето време на пораѓање и ќе се вратите во фит форма по породувањето многу побрзо. Пилатесот ќе го подобри вашето дишење, ќе ви ги олесни болките во грбот и ќе ве направи пофлексибилни. 

,,Вежбање? Сега  кога сум бремена? Мора да се шегуваш!!! Ова е време  во мојот живот кога можам да јадат колку што сакам и да не се грижам како изгледам!,, Нема ништо  лошо во оваа  изјава, но сигурно постои простор за нешто поинакво.
Може ќе ве изненади фактот дека пилатесот е една од најпогодните активности за време на бременоста. Размислите за тоа: Пилатесот работи преку зајакнување на централното јадро на телото, каде стомачните мускули работат во синергија со грбот и карлицата. За време на бременоста со пилатесот ќе се чувствувате поудобно, ќе го скратите вашето време на пораѓање и ќе се вратите во фит форма по породувањето многу побрзо. Пилатесот ќе го подобри вашето дишење, ќе ви ги олесни болките во грбот и ќе ве направи пофлексибилни. 

ФОКУСИРАЊЕ НА УМОТ

Една од главните причини зошто да изберете пилатес е фактот што тој е одличен во градењето на телесната сила и енергија. Ако вашите стомачни, грбни и карличните мускули се тонирани, тие ќе ви овозможат попријатна бременост и породување. Исто така вежбите се многу прилагодливи и адаптибилни за секоја идна родилка. Повеќето пилатес вежби можат да се менуваат и модификуваат во правец на промените на  вашето тело и способности. Пилатесот исто така е добро познат за фокусирање на умот, па го користат како начин за посветување време за себе, далеку од вашите обврски, ќе ви помогне да се опуштите  намалувајќи го стресот и во крајна линија ќе му користи на вашето бебе, што е и најбитно!

ОСЛАБЕНИ МУСКУЛИ!

Стомачните и карличните мускули се под зголемен притисок, како вашето бебе расте. Во исто време, хормонот релаксин ги прави лигаментите попустливи. Вашите лигаменти ќе се растегнат повеќе од вообичаено и ако ги преоптоварите може да дојде и до повреда. Растегнатите и ослабени стомачни мускули можат да имаат пропратен ефект на грбот и карлицата, и истите ќе ги направи чувствителни. Ослабените карлични мускули ќе станат полабави и се движат надолу накај карлицата поради тежината на вашето бебе. Како резултат на тоа, ќе биде потешко да ги стегнете и држете овие мускули. Поради ова, може да истече мала количина на урина кога кашлате или кивате.

РЕЛАКСИРАЧКИ ТРЕНИНГ

Бидејќи пилатесот цели на стомачните, грбните и карличните мускули без истегнување на другите зглобови, тој ги активира најдлабоките слоеви на стомачните мускули, неопходни за стабилизирање на вашиот грб и карлицата. Многу пилатес вежби се изведуваат на вашите раце и колена, која е идеална позиција во бременост. Оваа позиција ќе го намали притисокот на грбот и карлицата, а кон крајот на бременоста,ќе ви помогне во позиционирање на бебето во правилна положба пред породувањето. Вежбите не ве потат, а добивате релаксирачки тренинг што можете да правите и во првата или 31 недела на бременоста.

НЕКОЛКУ ДОБРИ ПРИЧИНИ

Истражувањата покажуваат дека постојат многу добри причини да се вежба додека сте бремени поради:

– Ви дава повеќе издржливост за време на породувањето (ќе ви треба, бидејќи породувањето е маратон!);

– До 40% помага со непријатност во долниот дел на грбот и карлицата, мускулите и зглобовите ги прави помобилни;

– Резултатира во попозитивно и поздраво ТИ;

– Го намалува ризикот од вишок на телесна тежина;

– Помага во  креирање полесно и пократко пораѓање;

– Помага во релаксирање на телото и умот;

– Го држи нивото на кортизолот (стрес хормон) ниско;

– Ги намалува проблемите поврзани со несоницата;

– Ја регулира температурата на телото;

– Намалена тежина за време на бременоста;

– Намалено време за породување и намалени компликации за време на бременоста;

– Постнатално побрзо ќе ја изгубите наталожената маса килограми;

– Го намалува бројот на трудници кои се пораѓаат со царски рез;

– Подобрената циркулација помага против грчевите, запек и отоци, значи ги намалува болк
и поврзани со бременоста;

– Помага на намалување на заморот, дури и во првиот триместар.

– Помага против депресијата;

И БЕБИЊАТА СЕ ПОЗДРАВИ

Истражувањата покажаа дека бебињата се повитки и поздрави со мајки кои редовно вежбаат. Сепак, пилатес инструкторите кои работат на оваа тематика треба да биде запознаени со анатомските и физиолошките промени кои се случуваат за време на бременоста, како и за раѓањето како процес.

Ризична бременост

КОСУЛТИРАЈТЕ ДОКТОР!

Кратка напомена: Ако никогаш не сте вежбале пилатес претходно, ќе треба да најдете пилатес инструктор кој има претходно искуство со трудници, за да може да ви посвети целосно внимание. Не се препорачува да вежбате сами пилатес вежби, без претходно да ги знаете основите на пилатесот. Исто така консултирајте се со вашиот доктор пред да се одлучите за пилатесот, доколку имате ризична бременост или постоечки тешкотии или болести.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!