1. Вовед

Ние, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ (во понатамошниот текст: „Систина“), се  стремиме да ги почитуваме приватноста и безбедноста на сите лични податоци, кои ги собираме од посетителите со користење на нашата веб-страница, https://health.acibademsistina.mk/, во својство на  контролор на лични податоци согласно со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) и другите прописи што ја уредуваат оваа материја.

Нашата веб-страница користи колачиња за да ве разликува од другите корисници на веб-страницата. Ова ни помага да ви овозможиме подобро корисничко искуство, да ја подобриме нашата услуга и да ги персонализираме рекламите и содржините за вас додека ја користите веб-страницата. Оваа политика за користење на колачиња ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб-страницата и нашите цели за нивно користење.

Колачиња се мали текстуални датотеки, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници за да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате сајтот, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард-диск или, пак, да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачиња што се директно поставени од веб-страницата што ја посетува корисникот во тоа време се нарекуваат колачиња од „прва страна“, а оние колачиња што се поставени од други веб-страници се нарекуваат „колачиња од трети страни“.

„Систина“ на веб-страницата https://health.acibademsistina.mk/ користи неколку вида колачиња при работењето, и тоа:

а) Неопходни колачиња

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

б) Аналитички колачиња

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.     

в) Колачиња за функционалност

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

г) Колачиња за рекламирање

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

д) Перформанси

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Освен за неопходните, за сите други колачиња е потребна вашата согласност.

Ние бараме ваша согласност пред да ги поставиме на вашиот уред. При посета на веб-страницата на „Систина“, добивате порака што ве известува дека оваа страница користи колачиња. Со означување на соодветното колаче, вие можете да изберете кои колачиња да бидат поставени на вашиот уред. Доколку сакате, во секое време можете да ги избришете, блокирате или оневозможите колачињата преку поставките на прелистувачот. Имајте предвид дека оневозможувањето на овие колачиња ќе влијае врз функционалоста на веб-страницата и може да ве спречи да имате пристап до одредени карактеристики на веб-страницата.

На известувањето има копче „Поставки за колачиња“, со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на https://health.acibademsistina.mk/ ќе бидат зачувани.

Доколку не сакате да користиме колачиња како што е наведено погоре, сакате да ги избришете веќе поставените колачиња или сакате да ја отповикате согласноста за користење на колачињата, вие тоа можете да го направите во кое било време преку нагодување во веб-пребарувачот.

За повеќе информации во врска со управувањето на колачињата преку веб-пребарувачот, посетете ги следниве веб-страници:

Teхничко име  ЦелСесија/PersistentТип
_ga Гугл аналитика – трета страна колачирањаКористени од Гугл аналитикс за да разликува корисници и сесии. Повеќе информации тука https://developers.google.com/analytics/devguides/collection/analyticsjs/cookie-usage2 годиниПерформанси[ML1] 
      
      

За какви било прашања, контактирајте нè на: dpo@acibademsistina.mk