Оваа Политика за приватност на личните податоци содржи информации за видот на личните податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб страна , како и на кој начин ги користиме и споделуваме тие податоци. Политиката за приватност на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ Скопје (во понатамошен текст: Аџибадем Систина)го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања во врска со обработката на податоците.

Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Аџибадем Систина за регулирање на оваа област. Оваа Политика за приватност се однесува единствено за нашата веб страна и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на вашата посета на други веб страни до кои пристапувате преку нашите веб страни.

Контролор

Кои лични податоци ги собираме од вас?

Аџибадем Систина е контролор на личните податоци кои што вие (како субјекти на лични податоци) ни ги давате. При посета на нашата веб страна и користење на нашите веб услуги ние обработуваме различна категорија  на лични податоци, и тоа:

1.   За аплицирање на оглас

2.   За чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза на лични биографии

3.   За закажување на преглед

4.   За контакт со нас

5.   За колачиња

Заради следење, анализа, одржување, развој и подобрување на функционалностите на веб страната, за време на вашата посета, „Аџибадем Систина автоматски ги собира следните податоци:

Аџибадем Систина ги користи само горенаведените колачиња.

Колачињата се кориснички податоци кои веб пребарувачот ги зачувува на вашиот уред (компјутер или паметен телефон) заради идни посети. Колачето е информација која се зачувува на вашиот уред за време на посета на нашата веб страна и кога повторно истата ќе ја отворите, овие колачиња ќе се искористат за подобрување на корисничкото искуство и ефикасност на веб страната. Повеќе за користење на колачињата може да најдете во нашата Политика за колачиња која е поставена на нашата веб страна.

За кои цели ги користиме собраните лични податоци?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да ви ги овозможиме следните услуги:

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработката на вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на ваша претходна согласност или друг законски основ согласно Законот за заштита на лични податоци.

На кој начин ги обработуваме вашите лични податоци?

Вие директно ни ги давате личните податоци кои ги собираме, кога користите некоја од горенаведените услуги.

Обработката на вашите лични податоци Аџибадем Систина , ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, а притоа, преземајќи ги сите пропишани технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во Аџибадем Систинасе обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Аџибадем Систинаприменува сигурносни мерки при прибирање, чување и обработка на информациите и личните податоци заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата веб страна. Хостирањето и чувањето на вашите лични податоци е лоцирано во Република Северна Македонија.

Согласно законски предвидена постапка, некои од личните податоци може да бидат откриени на надлежните органи.

За сите дополнителни информации, прашања или забелешки во врска со заштита на личните податоци, вие можете да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци на следната мејл адреса dpo@acibademsistina.mk.

Законски основ

Законскиот основ за обработка на вашите податоци за наведените активности е различен.

Па така, за целите на аплицирање за оглас, обработката на вашите лични податоци е потребна за исполнување на договор во кој што вие сте договорна страна или за активности коишто му претходат на склучувањето на договорот.

За целите чување на Вашата лична биографија во нашата датабаза на лични биографии законскиот основ е согласноста која вие ни ја давате.

За закажувањето на преглед, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е преземање на активности коишто му претходат на склучување на договор..

За остварување на контакт со нас, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е преземање на активности коишто му претходат на склучување на договор..

За употребата на колачиња, законскиот основ за обработка на вашите лични податоци е согласноста која што ни ја давате за таа цел.

Согласноста за обработка на лични податоци која вие ја давате, можете да ја повлечете бесплатно во било кое време, со испраќање на меил на dpo@acibademsistina.mk, или да ни се обратите лично во просториите на Аџибадем Систина.

Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?

Согласно интерните прописи на Аџибадем Систина, за различни активности личните податоци имаат различен рок на чување.

Кои се Вашите права?

Право на пристап – имате право да добиете потврда за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, како и да добиете пристап до вашите лични податоци и дополнителни информации кои се однесуваат на обработката на личните податоци.

Право на исправка – доколку сметате дека било кои лични податоци кои ги собираме се неточни или нецелосни, имате право да побарате и добиете исправка на неточните податоци или дополнување на нецелосните лични податоци.

Право на бришење – имате право да побарате да се избришат вашите лични податоци, а ние тоа барање ќе го прифатиме доколку личните податоци повеќе не се потребни за исполнување на целите, доколку приговорите на обработката и не успееме да докажеме дека нашиот легитимен интерес е поголем од вашите основни слободи и права, и доколку личните податоци се обработуваат незаконски.

Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

Право на преносливост – имате право да ги добиете вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имате право да ги пренесете тие податоци на друг контролор. При остварување на правото на преносливост, вие имате право да добиете директен пренос на личните податоци од еден контролор на друг, ако тоа е технички возможно.

Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци – имате право да побарате обработката да запре додека се утврдува точноста на податоците, додека се проверува дали легитимниот интерес преовладува над вашите основни права и слободи и слично.

Ако сè уште сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци..

Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер на следниот емаил: dpo@acibademsistina.mk, на телефонскиот број 071344-343, или да ни се обратите лично во просториите на Аџибадем Систина, а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.

Ремаркетинг

Аџибадем Систина информациите што ги собира преку користењето колачиња („cookies”) ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет-страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил веб страната www.health.acibademsistina.mk

„Гугл“, „Фејсбук“ и други трети страни прикажуваат АdWords, односно т.н. “ads” низ различни веб страни и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на веб страната на Аџибадем Систина преку користењето на колачињата.

На пример, кога со посетата на www.acibademsistina.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај „Гугл“ и „Фејсбук“ и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга веб страна која исто така користи “ads” на „Гугл“ да му биде презентирана реклама за Аџибадем Систина или за содржината што ја посетил на веб страната на Аџибадем Систина. Сите собрани податоци од Аџибадем Систина ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на Аџибадем Систина, односно со политиките за приватност на „Гугл“ и „Фејсбук“ за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги прилагодат параметрите за начинот на кои „Гугл“ и „Фејсбук“ рекламираат до нив со пристапување на следните страници:

За „Гугл“:
https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en,
и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ .

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во веб пребарувачот  што го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-пребарувач  на начин што ќе ги информира интернет-страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот „Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб-пребарувач што го користи.

Промени во Политиката за приватност на личните податоци

Аџибадем Систина има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на нашата веб страна и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страна. Како корисници, вие имате одговорност да проверувате дали Политикатата е ажурирана.

Прифаќање на условите

Вие, со користењето на оваа веб страна ги прифаќате одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја веб страната. Вашето континуирано користење на веб страната, следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.